чува
чуваат; чуваме; чувај, чувајте; чувал; чуван
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 520
1.
Варди, пази нешто, не иставајќи се од него.
Примери:
Ние ќе одиме, а ти ќе останеш да ја чуваш куќата.
Чува бостан.
Слично со:
варди (несв.)
2.
Варди некој да не побегне, да не направи нешто лошо и сл.
Примери:
Чува заробеници. Чува стража.
Ти чувај ги коњиве, а јас ќе одам да донесам ручек.
3.
Брани, штити - од некого или од нешто.
Примери:
Чувајте го девојчето од лошо друштво.
Чувајте ги овошките од мраз.
Нив Господ ги чува.
Оваа топла облека ме чува од настин.
(разг.) Господ да чува (и да брани)!
Слично со:
штити (несв.)
4.
Варди, внимава на нешто да се одржи во добра состојба, одржува нешто.
Англиски:
protect
Албански:
ruaj, mbroj
Тој си го чува здравјето.
Тој многу добро ја чува колата, затоа е уште како нова.
Слично со:
внимава (несв.)
5.
Држи нешто кај себе или на определено место, грижејќи се за него.
Англиски:
keep
Албански:
mbaj, ruaj
Тебе ти ги даде парите да му ги чуваш.
Тој пушката ја чува во визба.
6.
Остава да стои нешто, грижејќи се за него; не троши, не употребува нешто.
Примери:
Чувај малку грозје и за утре.
Прстенот ќе ти го чувам за свадбата.
Чувај си некоја пара и за старост.
7.
Гледа, грижи се за некого.
Англиски:
care
Албански:
kujdesem, ruaj
Чува деца.
Чува болен.
Слично со:
гледа (несв.)
8.
(се чува) Се варди, се пази од некого или нешто, да не му се случи нешто.
Англиски:
guard
Албански:
mbrohem, ruaj
Чувај се од него.
Чувај се од настинка.
Чувај се да не те види некој.