love - онтологија

ашик повеќе

мн. ашици
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) љубов, мерак
Турски: aşk Албански: dashuri
Примери:
Ашик се стори.
љубовник, момче
Албански: dashnor

изгор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Многу силна љубов.
Албански: dashuri e flaktë
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Го сака до изгор.
При обраќање кон сакан(а), љубен(а).
Албански: dashuri, zjar
Примери:
изгору мој

изгора повеќе

Види и: изгор (м.)
Вид збор: Именка, женски род
изгор
Примери:
Моја прва изгоро.

љубов повеќе

(едн.) љубовта
Вид збор: Именка, женски род
Длабока емотивна наклонетост, силно чувство кон некого.
Српски: љубав Албански: dashuri Бугарски: любов Грчки: αγάπη
Примери:
брак од љубов
Постојана, трајна наклонетост кон нешто.
Албански: dashuri
Примери:
љубов кон уметноста
Предмет на такво чувство.
Албански: dashuri
Примери:
Тој е мојата прва љубов.

милост повеќе

(едн.) милоста
Вид збор: Именка, женски род
љубов
Албански: dashuri
Примери:
Ќе ја загубиш милоста нејзина.

севда повеќе

севдата
Вид збор: Именка, женски род
љубов
Турски: sevda Албански: dashuri, sevda
Употреба: Разговорно
Примери:
Имаше голема севда.
либе, изгора, љубовница
Албански: dashnore, sevda
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ја нема мојата севда.