lover - онтологија

ашик повеќе

мн. ашици
Вид збор: Именка, машки род
љубовник, момче
Албански: dashnor

вљубеник повеќе

мн. вљубеници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е вљубен во некого или во нешто.
Примери:
вљубеник во добриот збор

девојка повеќе

мн. девојки
Вид збор: Именка, женски род
Млада жена што води љубов со некого.
Албански: vajzë, femër
Примери:
Таа е моја девојка.

заљубеник повеќе

мн. заљубеници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е заљубен, тој што сака некого или нешто.
Примери:
страстен заљубеник

запорник повеќе

мн. запорници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сакајќи се со некоја мома ја запира да се засака со друг и да се омажи; несуден маж.
Употреба: Народна поезија
Примери:
Калино, сестро Калино, / тува е гора зелена, / тува је ајдутин Никола, / Никола, твојо запорник.

јаран повеќе

мн. јарани
Вид збор: Именка, машки род
љубовник
Албански: jaran, dashnor
Употреба: Архаизам

либе повеќе

(едн.) либето
Вид збор: Именка, среден род
Љубено моме или момче.
Албански: i, e dashur
Употреба: Народна поезија
Примери:
Мајка ѝ не ја пушти да си оди со првото либе.

љубов повеќе

(едн.) љубовта
Вид збор: Именка, женски род
Предмет на такво чувство.
Албански: dashuri
Примери:
Тој е мојата прва љубов.

љубовник повеќе

мн. љубовници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има љубовна врска со жена без да е во брак со неа.
Албански: dashnor
Примери:
Нејзиниот љубовник беше далеку.
(мн.) Љубовна двојка.
Албански: dashnorë
Примери:
Разделбата им беше тешка на младите љубовници.

љубовница повеќе

мн. љубовници
Вид збор: Именка, женски род
Жена што е во љубовна врска со маж.
Албански: dashnore
Примери:
Во својот живот тој имаше многу љубовници.

манук повеќе

мн. мануци
Вид збор: Именка, машки род
таен љубовник
Употреба: Разговорно
Примери:
Мојот манук веројатно ќе збесне кога ќе слушне за преграткава.

мерак повеќе

мн. мераци
Вид збор: Именка, машки род
момче, љубовник, маж
Употреба: Разговорно
Примери:
Меракот си го чекаше.

милосник повеќе

мн. милосници
Вид збор: Именка, машки род
љубовник

наложник повеќе

мн. наложници
Вид збор: Именка, машки род
Маж што живее невенчано со жена.

наложница повеќе

мн. наложници
Вид збор: Именка, женски род
Жена што живее невенчано со маж.

посестрима повеќе

мн. посестрими
Вид збор: Именка, женски род
љубовница
Албански: dashnore

пријател повеќе

мн. пријатели
Вид збор: Именка, машки род
љубовник
Албански: dashnor
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа имаше пријател кој одвреме-навреме ја посетуваше.

саканик повеќе

мн. саканици
Вид збор: Именка, машки род
Сакан човек, љубовник, миленик
Примери:
И таа си имаше саканик.

саканица повеќе

мн. саканици
Вид збор: Именка, женски род
За жена, саканик.

севда повеќе

севдата
Вид збор: Именка, женски род
либе, изгора, љубовница
Албански: dashnore, sevda
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ја нема мојата севда.

симпатија повеќе

мн. симпатии
Вид збор: Именка, женски род
(поретко м.) сакан човек, сакана жена
Албански: simpati
Употреба: Ретко
Примери:
Уште нема симпатија.

читаник повеќе

мн. читаници
Вид збор: Именка, машки род
љубовник
Употреба: Дијалектен збор

швалер повеќе

мн. швалери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е во брак, а има љубовни врски.
Употреба: Разговорно

швалерка повеќе

мн. швалерки
Вид збор: Именка, женски род
љубовница
Употреба: Разговорно