а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пријател

мн. пријатели
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 263
1. Лице поврзано со некого со заемна љубов, почит и доверба.
Англиски: friend Албански: mik
Примери:
Тој е мојот најдобар пријател.
Ние сме стари пријатели од детството.
Најдоа многу заедничко во своите интересирања и станаа големи пријатели.
личен пријател
семеен пријател
2. познат, познаник
Англиски: acquaintance Албански: i njohur
Примери:
Излеговме сите роднини и пријатели да ги испратиме печалбарите.
3. Приврзаник, поддржувач на некого или нешто.
Англиски: comrade Албански: partner
Примери:
партиски пријатели
4. љубител, покровител
Англиски: enthusiast Албански: tifoz
Примери:
Тој беше голем пријател на музиката.
Како голем пријател на поезијата, тој го поддржа фестивалот.
5. Општо за нешто што се карактеризира со верност.
Англиски: companion Албански: shok
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кучето е најдобар пријател на човекот.
6. љубовник
Англиски: lover Албански: dashnor
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа имаше пријател кој одвреме-навреме ја посетуваше.
7. Лице блиско со некого преку заедничка работа или дејност.
Англиски: colleague Албански: koleg
Примери:
деловен пријател
8. Во фамилијарно или иронично обраќање кон непознато лице.
Албански: hej ti
Примери:
Кажи бе, пријател, може ли тоа така?
Каде си бе, пријател.
Изрази
(посл.) Пријателот се познава во нужда.
Нека се живи пријателите - добро е да имаш пријатели што ќе ти помогнат.
Изведенки
1. пријателка ж.
мн. пријателки
2. пријателче ср.
мн. пријателчиња