magic - онтологија

волшебништво повеќе

мн. волшебништва
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Дејност на волшебник, правење волшепства, маѓии.
Албански: magji
Примери:
Во селото имаше една стара жена што се занимаваше со волшебништво.
вештина, мајсторија
Албански: magji, mjeshtri
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не инсистирајте толку на моето волшебништво.

волшепство повеќе

мн. волшепства
Вид збор: Именка, среден род
Според празноверните претстави, таинствена појава што нема објаснување во природните закони.
Албански: magji
Примери:
Нејзиното волшепство е резултат на некакви таинствени сили.

вражба повеќе

мн. вражби
Вид збор: Именка, женски род
магија, волшепство
Примери:
Дејствуваме со ум, а не со вражби.

вражбина повеќе

Види и: вражба (ж.)
мн. вражбини
Вид збор: Именка, женски род
вражба

магија повеќе

Види и: маѓија (ж.)
мн. магии
Вид збор: Именка, женски род
Збир од дејства, обреди за кои се верува дека имаат натприродна моќ врз луѓето, животните и врз природните појави.
Албански: magji

маѓепсништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Дејност или сила на маѓепсник и маѓосник.

маѓија повеќе

Види и: магија (ж.)
мн. маѓии
Вид збор: Именка, женски род
волшепство, волшебништво
Албански: magji
Примери:
Главниот приказ на маѓијата во книгите за Хари Потер е преку гест со волшебничко стапче и изговaрање на магичните формули.

чинка повеќе

мн. чинки
Вид збор: Именка, женски род
Магија, ритуал со магиско дејство.
Примери:
Не е од болест, туку е од чинка.