магија
Види и:
маѓија (ж.)
мн. магии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2787
1.
Збир од дејства, обреди за кои се верува дека имаат натприродна моќ врз луѓето, животните и врз природните појави.
Слично со:
волшепство (ср.)
2.
привлечност, убавина
Примери:
Имаше некоја магија во таа жена.
Изрази
Бела магија - обред што се прави за да се помогне некому.
Црна магија - обред што се прави за да се наштети некому.