male - онтологија

мажјак повеќе

мн. мажјаци
Вид збор: Именка, машки род
Животно од машки пол.
Употреба: Зоологија
Примери:
Мажјаците ги чуваа за расплод.

машки повеќе

машкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на маж, што е карактеристично за маж.
Примери:
машки пол, машки глас
силен, јуначки, мажествен
Примери:
Машко срце, јуначко.

машко повеќе

мн. машки
Вид збор: Именка, среден род
Маж, лице од машки пол.
Примери:
Машките беа понемирни од женските.

петел повеќе

мн. петли
Вид збор: Именка, машки род
Во шала за маж.
Албански: gjel, mashkull
Употреба: Иронично , Разговорно
Примери:
(разг.) Стар петел.

човек повеќе

мн. луѓе
Вид збор: Именка, машки род
возрасен маж
Албански: burrë
Примери:
Те бара еден човек.