вдомат
Вид збор: Глагол, свршен
Омажи односно ожени (ќерка или син)
Албански:
martoj, bëj shtëpi
Примери:
Да си ги вдомам децата.
(се вдоми) Се омажи односно се ожени.
Албански:
martohem, bëhem shtëpi
Примери:
Ќе прибере некоја сиромашка, ќе се вдоми.
венчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Склучи брак, изврши чин, обред на стапување во брак.
Албански:
martohem
Употреба:
Правда
Примери:
Попе, ти нас ќе не венчаш.
Омажи, ожени некого.
Албански:
martohem
Употреба:
Правда
Примери:
Тој настојуваше да ме венча со својата ќерка.
(се венча) Се омажи, се ожени, склучи брак.
Албански:
martohem
Употреба:
Правда
Примери:
Венчај се кога годината е нова, тој ќе биде вљубен, добар и искрен.
дадам
Вид збор: Глагол, свршен
омажи
Примери:
Ја дадоа за богат старец.
доведат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе во куќата жена за женидба; се жени.
Примери:
Невеста доведе, венчањето падна, а тој уште на вересија работи.
женат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подготвува машко лице да стапи во брак.
Примери:
В недела имам свадба, син женам.
(се жени) За машко лице - стапува во брак.
Примери:
Уште не мислам да се женам.
задомат
Вид збор: Глагол, свршен
Ожени син, омажи ќерка, создаде семејство.
Примери:
Ќерката ја задомија минатата година.
(се задоми) се ожени, се омажи
Примери:
Од шесте ќерки на вдовицата само три се задомија.
Вид збор: Глагол, свршен
(се зажени) се ожени
Примери:
Зошто брзаш да се зажениш?
Вид збор: Глагол, несвршен
(се зема) се мажи, се жени
земат
Вид збор: Глагол, свршен
Стапи во брачен однос.
Примери:
Тој ја зеде за жена девојката со која се забавуваше долги години.
(се земе) Стапи во брак.
Примери:
Тие се забавуваа многу години и конечно се зедоа.
изженат
Вид збор: Глагол, свршен
Ги ожени сите што биле за женење.
Албански:
martoj të gjithë
Примери:
Изжени, измажи сега може да биде мирен.
измажат
Вид збор: Глагол, свршен
Ги омажи сите што биле за мажење.
Албански:
martoj të gjitha
Примери:
Тој ги измажи ќерките.
испоженат
Вид збор: Глагол, свршен
Ожени повеќемина (синови).
Примери:
Тој ги испожени синовите.
испомажат
Вид збор: Глагол, свршен
Омажи повеќе девојки (ќерки).
Примери:
Соседите ги испомажија ќерките.
мажат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави женско лице да стапи, стапува во брак.
Примери:
Ќерката ќе ја мажат во сабота.
(се мажи) Женско лице стапи, стапува во брак.
Примери:
Утре се мажам.
оддомат
Вид збор: Глагол, свршен
(се оддоми) Се оддели од домот, од семејството; се омажи.
Албански:
lë shtëpinë, martohet
Примери:
Таа се оддоми, се омажи в град.
одомат
Вид збор: Глагол, свршен
ожени, омажи
Примери:
Тој остана сам со бабата, ги одоми и синот и ќерката.
оженат
Вид збор: Глагол, свршен
Најде некому жена, овозможи, направи се за да може маж да стапи во брак.
Примери:
Тој го ожени синот.
(се ожени) Стапи во брак.
Примери:
Се ожени за девојката со која е заедно уште од средно училиште.
омажат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому за жена (ќерка, сестра, роднина).
Примери:
Децата ги израсна, ќерките ги омажи.
(се омажи) За девојка, жена - стапи во брак.
Примери:
Таа се омажи и сега живее во градот.
Вид збор: Глагол, свршен
Ожени повеќемина.
Примери:
Таа ги пожени синовите, сега на ред се ќерките.
(се пожени) Се ожени - сите или повеќемина.
Примери:
Сите момчиња од улицата се поженија.
Вид збор: Глагол, свршен
Ожени (некого) набрзина, како било.
Албански:
martoj shkel e shko
Примери:
Родителите го проженија без да го прашаат.
(се прожени) Се ожени набрзина, како било.
Албански:
martohem shpejt e shpejt
Примери:
Се уплаши да не остане неженет, па се прожени без многу размислување.
Вид збор: Глагол, свршен
Омажи се набрзина, како било.
Примери:
Ја промажија за првиот што ја побара.
(се промажи) Се омажи набрзина, неподготвена, како било.
Албански:
martoj shpejt e shpejt
Примери:
Се промажи многу млада без да размислува.
регистрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За брак - оформи, венча.
Примери:
Тие ни беа сведоци, таму не регистрираа.
(се регистрира) За брак - се оформи, се венча.
Примери:
Во неделата се регистрираа.
(се) суздедат
Вид збор: Глагол, свршен
Стапи во брак, се венча.
Примери:
(нар. поез.) Двајцата млади се сузедоа.
ќердосаат
Вид збор: Глагол, свршен
За женење: земе за жена.
Примери:
Е, виде, девојко, оти пак јас, ќе те ќердосам е.
Вид збор: Глагол, свршен
Омажи односно ожени (ќерка или син).
Албански:
martoj, bëj shtëpi
Примери:
Да си ги удомам децата.
(се удоми) Се омажи односно се ожени.
Албански:
martohem, bëhem shtëpi
Примери:
Ќе прибере некоја сиромашка, ќе се удоми.
Вид збор: Глагол, несвршен
мажи или жени
Албански:
martoj, bëj shtëpi
(се удомува) се омажи, се ожени
Албански:
martohem, bëhem shtëpi