доведе
доведат; доведи, доведете; доведов, доведоа; довел; (ќе) доведев, (ќе) доведеа; (ќе) доведел; доведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 916
1.
Со придружување помогне или натера да дојде некој на определено место.
Примери:
Ќе доведам луѓе да те извлечат од оваа јама.
Јас ќе го доведам ако не сака сам да дојде.
Слично со:
донесе (св.)
2.
Постави некого или помогне некој да биде поставен на определена позиција во општеството, во работна организација и сл.
Примери:
Директорот доведе нови, стручни луѓе во фабриката.
Доведоа на престолот еден плиткоумен несреќник.
3.
Земе во куќата жена за женидба; се жени.
Примери:
Невеста доведе, венчањето падна, а тој уште на вересија работи.
Слично со:
ожени (св.)
4.
Донесе со себе деца од претходниот брак.
Англиски:
bring
Албански:
solli, pruni
Таа во вториот брак довела две деца од првиот.
5.
Предизвика нешто, доведе до некаков настан.
Примери:
Силни политички страсти доведоа до остри напади врз комисијата.
Со своето пијанство го доведе семејството до питачки стап.
Слично со:
предизвика (св.)
6.
Изрази, предизвика некаква состојба, расположение.
Примери:
Тие зборови го доведоа до лудило и очај.
Неговата лекомислена страст го доведе во оваа срамна положба.
7.
Во состави со именки.
Англиски:
bring
Албански:
pruni, solli
Доведе во ред - среди, намести.
Доведе во врска - поврзе.
Доведе до заклучок - заклучи.
Доведе во прашање - загрози нешто.
Изведенки
1.
доведува несв.
доведуваат
доведуваат
2.
доведување ср.
глаг. им.
глаг. им.