мн. маски
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што се става на лицето за да се скрие, да се преправи ликот.
Албански:
maskë
На лицето имаше маска на мачка.
маскиран човек
Албански:
maskë
На маскенбалот шетаа најразлични маски.
Извештачен, неприроден изглед на лицето.
Албански:
maskë
Цела вечер не ја тргна маската од лицето и беше претерано љубезен со сите за да го сокрие гневот.
Направа што се става на лицето за заштита од отровни гасови, прав итн.
Примери:
заштитна маска
Направа за довод на кислород.
Примери:
Од болница го предупредија да носи маска за кислород кога ќе излегува од дома.
Во козметиката - смеса што се нанесува на лицето заради нега на кожата или на косата.
Албански:
maskë
маска за лице