а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

маска

мн. маски
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1594
1. Домашно животно што се користи за пренеcување товар, а се добива со вкрстување на коњ и магарица.
Латински: Equus hinnus Англиски: mule Албански: mushkë
Употреба: Зоологија
2. Тоа што се става на лицето за да се скрие, да се преправи ликот.
Англиски: mask Албански: maskë
Примери:
На лицето имаше маска на мачка.
3. маскиран човек
Англиски: mask Албански: maskë
Примери:
На маскенбалот шетаа најразлични маски.
4. Извештачен, неприроден изглед на лицето.
Англиски: mask Албански: maskë
Примери:
Цела вечер не ја тргна маската од лицето и беше претерано љубезен со сите за да го сокрие гневот.
5. Направа што се става на лицето за заштита од отровни гасови, прав итн.
Англиски: mask Албански: maskë
Употреба: Медицина
Примери:
заштитна маска
гас-маска
6. Направа за довод на кислород.
Англиски: mask Албански: maskë
Употреба: Медицина
Примери:
Од болница го предупредија да носи маска за кислород кога ќе излегува од дома.
7. Направа низ која се вдишува анестетик пред операција.
Англиски: mask Албански: maskë
Употреба: Медицина
8. Во театар - специјална актерска шминка.
Англиски: make-up Албански: maskë
Употреба: Сцена
9. Во козметиката - смеса што се нанесува на лицето заради нега на кожата или на косата.
Англиски: mask Албански: maskë
Примери:
маска за лице
маска за мазна коса