мн. душеци
Вид збор: Именка, машки род
Цврсто сошиена постилка наполнета со волна, пердуви, која се става врз креветот или на земја и служи за спиење; постела.
Турски:
döşek
Албански:
dyshek
мек душек, сламени душеци
Слично со:
постела (ж.)
Постилка наполнета со вештачки влакна, слама која се става на под и се користи за изведување гимнастички вежби.
Примери:
Децата вежбаа на душек.
Постилка направена од цврст материјал која се полни со воздух и овозможува лебдење над водата.
Турски:
döşek
Албански:
dyshek
Пливаа во водата со душек.