постела
мн. постели
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 930
1.
Тоа врз кое човек легнува да спие.
Примери:
Тој лежеше на постела од неколку штавени кожи.
Порано немаше кревет, туки само постела на гола земја.
2.
Легло за одмор и спиење.
Примери:
Цела ноќ се превртуваше во постелата.
Седеше на крајот на постелата.
Брачна постела.
Изрази
Падна в постела, е закован (врзан) за постела - потешко се разболе.
Е на смртна постела - е болен на умирање.
Изведенки
постелче ср.
мн. постелчиња
дем.
мн. постелчиња
дем.