mean - онтологија

инструмент повеќе

мн. инструменти
Вид збор: Именка, машки род
Средство за постигнување некаква цел.
Албански: instrument, mjet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја користеше песната како инструмент за надминување на тагата.

орудие повеќе

мн. орудија
Вид збор: Именка, среден род
Средство за остварување на некоја цел, за постигање на нешто.
Албански: mjet, vegël
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е слепо орудие во нејзините раце.

оружје повеќе

мн. оружја
Вид збор: Именка, среден род
Средство за постигнување на некоја цел.
Примери:
Знаењето и искуството е неговото најсилно оружје.

средство повеќе

мн. средства
Вид збор: Именка, среден род
Начин на дејство за постигање на нешто.
Албански: mjet
Примери:
Тој знаеше само едно средство - убедувањето.
(обично мн.) Предмети, орудија неопходни за остварувањето на нешто.
Албански: mjete
Примери:
средства за производство
(само мн.) Материјални можности, пари, капитал.
Албански: mjete
Употреба: Економија
Примери:
Остана без средства.