инструмент
мн. инструменти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2637
1.
Предмет или механизам со кој се произведуваат музички тонови.
Примери:
дувачки инструмент
жичен инструмент
2.
направа, орудие, алат
Примери:
Операцијата беше успешно извршена со најпрецизни хируршки инструменти.
3.
Документ или пропис што има правно дејство.
Слично со:
пропис (м.)
4.
Средство за постигнување некаква цел.
Примери:
Ја користеше песната како инструмент за надминување на тагата.
Слично со:
средство (ср.)