замолзат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да молзе.
Примери:
Седна на столчето и ја замолзе кравата.
измолзат
Вид збор: Глагол, свршен
Со молзење извлече млеко од животно.
Примери:
Овчарите ги измолзија овците.
молзат
Вид збор: Глагол, несвршен
Извлекува, цеди со раце или со апарат млеко од вимето на животни.
Примери:
Навечер ги молзеа кравите, а наутро го продаваа млекото.
намолзат
Вид збор: Глагол, свршен
Со молзење добие доволно или големо количество млеко.
Примери:
Ќе намолзам млеко, па ќе јадеме.