Земјоделство - категорија

заврз повеќе

мн. заврзи
Вид збор: Именка, машки род
Млад плод на растение, незрели тукушто оформен.
Албански: njomëz
Примери:
Скина еден заврз од афион.

заврши повеќе

завршат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да врши.
Англиски: thresh
Примери:
Денеска го завршија житото на големото гумно.

загрли повеќе

загрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Припокрие со земја растение околу коренот.
Примери:
Отидоа на нива да ја загрлат пченката.

зажние повеќе

зажнијат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да жние.
Англиски: harvest
Примери:
Селаните го зажнија житото.

закалеми повеќе

закалемат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да калеми.
Англиски: graft
Примери:
Ја закалеми овошката во дворот.

закласи повеќе

Види и: класи (несв.)
закласат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да класи.
Примери:
Житата веќе закласија.

закосај повеќе

мн. закосаи
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што се окосува со еден замав на косата.
Примери:
Децата трчаа по дебелите закосаи.

закоси повеќе

закосат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да коси.
Англиски: mow Албански: fillon të kosit
Примери:
Закоси на другата страна од ливадата.

закрди повеќе

Види и: крди (несв.)
закрдат
Вид збор: Глагол, свршен
Одведе добиток на пладнување.
Примери:
Овчарот го закрдил стадото под дабот.

закрми повеќе

закрмат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да храни стока со крма.
Англиски: feed
Примери:
Ја закрми стоката со брашно и трици.

замерок повеќе

мн. замероци
Вид збор: Именка, машки род
Млеко што се зема од бачило по летното истерување на добитокот в планина.

замолзе повеќе

замолзат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да молзе.
Англиски: milk
Примери:
Седна на столчето и ја замолзе кравата.

заора повеќе

Види и: ора (несв.)
заораат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да ора.
Англиски: plow Албански: fillon të lëroj
Примери:
Денес ја заорав нивата.

заорок повеќе

мн. заороци
Вид збор: Именка, машки род
Прва бразда во орањето.
Примери:
Само што го заврши заорокот, коњот застана.

запасе повеќе

запасат
Вид збор: Глагол, свршен
За животни - почне да пасе.
Англиски: graze Албански: fillon të kullot
Примери:
Коњите запасоа покрај патот.
Почне да пасе добиток.
Англиски: graze Албански: kullot
Примери:
Тој го запасол добитокот на селаните.

запат повеќе

мн. запати
Вид збор: Именка, машки род
Животно за приплод.
Англиски: breed Албански: kafsh për shumim
Примери:
Од стадото одделија неколку запати.

запече повеќе

запечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се запече) се стврдне, се скорави
Албански: djegë
Примери:
Земјата се запече од долгата суша.

заплеви повеќе

Види и: плеви (несв.)
заплеват
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плеви.
Англиски: weed Албански: tëharr
Примери:
Од вчера го заплевив кромидот.
Плеви малку, до определена мера, згора-згора.
Англиски: weed Албански: tëharr pak
Примери:
Таа го заплеви пиперот.

запраши повеќе

запрашат
Вид збор: Глагол, свршен
За земја, насад - посипе со прашок заради уништување на штетни инсекти.
Англиски: spray Албански: spërkat
Примери:
Отидоа да го запрашат лозјето.

зареже повеќе

зарежат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да реже, да кастри, да крои.
Англиски: cut off Албански: pres
Примери:
Селаните веќе ги зарежаа лозјата.

засади повеќе

Види и: сади (несв.)
засадат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сади.
Англиски: plant Албански: fillon të mbjell
Примери:
Го засадивме кромидот вчера, до утре ќе бидеме готови.
сади, посади, насади
Англиски: plant Албански: mbjell
Примери:
Нивата покрај реката ја засадивме со пченка.

засее повеќе

Види и: сее (несв.)
засеат
Вид збор: Глагол, свршен
Сее, насее за да никне.
Англиски: sow Албански: mbjell
Примери:
Селаните веќе ги засеаја нивите со жито.

зглавник повеќе

мн. зглавници
Вид збор: Именка, машки род
Место на нивата каде што се врти со плугот при орање.
Примери:
Тракторот не стаса до зглавникот, запре сред нива.

згон повеќе

мн. згонови
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се дотеруваат овците по пасење.
Албански: vendtubimi i dhenve
Примери:
згон на овци

згрли повеќе

Види и: грли (несв.)
згрлат
Вид збор: Глагол, свршен
грли
Примери:
Годинава тие навреме го згрлија компирот.

зеленчук повеќе

мн. зеленчуци
Вид збор: Именка, машки род
Разни градинарски растенија (домати, пиперки, спанаќ, зелки) што се употребуваат како храна, свежи или приготвени.
Англиски: vegetable Албански: perime
Примери:
Ран зеленчук.

земја повеќе

мн. земји
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) Дел од Земјината кора кој може да се обработува и на кој можат да виреат, растат растенија.
Англиски: soil Албански: dhe
Примери:
Земјата ни е плодна и ровка.

земјиште повеќе

мн. земјишта
Вид збор: Именка, среден род
почва
Англиски: land Албански: tokë
Примери:
Обработливо земјиште.

земјоделец повеќе

мн. земјоделци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со обработка на земјата како главно занимања.
Англиски: farmer
Примери:
Татко ми е земјоделец и произведува многу видови компири.

земјоделие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
земјоделство
Англиски: farming Албански: bujqësi

земјоделски повеќе

земјоделска
Вид збор: Придавка
(едн.) Што се однесува на земјоделство.
Англиски: agricultural Албански: bujqësorë, agrar
Примери:
Земјоделско производство.

зимен повеќе

зимниот
Вид збор: Придавка
Што се сее пред зима.
Англиски: winter
Примери:
Зимни посеви.

зимоврав повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Есенско копање на лозјата.

зимовраши повеќе

зимоврашат
Вид збор: Глагол, несвршен
Копа лозје во есен.

златица повеќе

мн. златици
Вид збор: Именка, женски род
Штетен инсект тврдокрилец што се храни со лисјето на компирите; компирова златица.
Латински: Leptinotarsa decemlineata Англиски: Colorado potato beetle
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш