miser - онтологија

Евреин повеќе

мн. Евреи
Вид збор: Именка, машки род
циција, скржавец
Албански: koprrac, çifut
Употреба: Преносно значење
Примери:
Што евреин си бил!

иконом повеќе

мн. икономи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се грижи пред сѐ за финансиите, штедлив, па дури и скржав.
Албански: përmbarues
Употреба: Архаизам , Разговорно
Примери:
Од него тешко ќе добиеш нешто, тој е голем иконом!

скаперник повеќе

мн. скаперници
Вид збор: Именка, машки род
скржавец
Употреба: Архаизам
Примери:
Старецот е голем скаперник.

скржавец повеќе

мн. скржавци
Вид збор: Именка, машки род
Скржав човек.

скржавко повеќе

Види и: скржавец (м.)
мн. скржавковци
Вид збор: Именка, машки род
скржавец

скржец повеќе

Види и: скржавец (м.)
мн. скршци
Вид збор: Именка, машки род
скржавец

стипса повеќе

мн. стипси
Вид збор: Именка, женски род
скржавец
Албански: koprrac
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Тој беше голема стипса.

тамавќар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
тамаќар
Употреба: Разговорно

тамаќар повеќе

мн. тамаќари
Вид збор: Именка, машки род
скржавец
Турски: Tama'kâr
Употреба: Разговорно

тамаќарка повеќе

мн. тамаќарки
Вид збор: Именка, женски род
За жена тамаќар.

титиз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
циција, скржавец
Турски: titiz
Употреба: Разговорно

цинцар повеќе

мн. цинцари
Вид збор: Именка, машки род
скржавец
Албански: cincar, koprrac
Употреба: Пејоратив , Преносно значење

циција повеќе

мн. циции
Вид збор: Именка, машки род
скржав, скржавец
Употреба: Разговорно
Примери:
Голем циција е тој, има змија во џебот!