mix - онтологија

домеша повеќе

Види и: меша (несв.)
домешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Меша, измеша сѐ, до крај.
Примери:
Ја домешав салатата.

забрка повеќе

забркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замеша, измеша нешто.
Албански: përziej
Употреба: Разговорно
Примери:
Брашното го забрка со вода.

замеша повеќе

Види и: меша (несв.)
замешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи смеса од нешто, спои во една целина две или повеќе нешта.
Албански: përziej
Примери:
Во еден подлабок сад, таа ги замеша брашното, млекото и јајцата.

измеша повеќе

Види и: меша (несв.)
измешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со мешање добие смеса.
Албански: përziej
Примери:
Измешај ги јајцата и шеќерот.

караштиса повеќе

караштисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеша неколку работи, нешта.
Турски: karışmak Албански: përziej
Употреба: Разговорно
Примери:
Виното го караштиса со вода.
(се караштиса) Се измеша со нешто.
Турски: karışmak Албански: përziej
Употреба: Разговорно

меша повеќе

мешаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тура, сипе (течни, cитни, издробени) нешта и ги соединува, прави смеса, мешавина.
Албански: përziej
Примери:
Домаќинката со дрвена лажица го мешаше брашното со вода.
Заменува, грешава поими.
Албански: përziej, tollovit
Примери:
Секогаш им ги мешаше имињата.
Вметнува елементи од друг јазик при зборување.
Албански: përziej
Примери:
Често при зборувањето мешаше по некој англиски збор.

мешне повеќе

мешнат
Вид збор: Глагол, свршен
Промеша малку.
Примери:
Одвреме-навреме ќе го мешнеше ручекот.

миксира повеќе

миксираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
меша, меле
Примери:
Се додава маслиново масло и се миксира за да се добие фина маса.

примеша повеќе

примешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде во составот на една материја малку од друга и со мешање направи да се соедини.
Албански: përziej
Примери:
Готвачот примеша малку брашно во сосот.

размеша повеќе

(се) размешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеша течност, смеса.
Примери:
Размешај го малтерот.

смеша повеќе

смешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Соедини, измеша две или повеќе работи во едно.
Албански: përziej
Примери:
Го смешале брашното.
Наруши распоред на нешто.
Албански: ngatërroj
Примери:
Ги смеша картите.
(се смеша) Соедини се во едно со мешање.
Албански: përziej
Примери:
Се смеша крвта со водата.
(се смеша) Влезе сред луѓе.
Албански: fut
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Се смеша и тој со луѓето.