а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

забрка

забркаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Замеша, измеша нешто.
Англиски: mix Албански: përziej
Употреба: Разговорно
Примери:
Брашното го забрка со вода.
2. Замеша, заплетка некого или нешто.
Англиски: involve Албански: ndërhyj
Употреба: Разговорно
Примери:
И него го забркаа во нивната нечесна игра.
Ја забркале работата и не можат да ја поправат.
3. збуни
Англиски: confuse Албански: hutoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Ова неочекувано прашање го забрка човекот.
4. (се забрка) Се замеша, се заплетка во нешто.
Албански: ngatërroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој се забрка во нивниот разговор.
5. (се забрка) се збуни
Англиски: confuse Албански: hutoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Кога ја виде, се забрка уште повеќе.
6. Почне да брка.
Англиски: chase Албански: ndjek
Примери:
Виде една мачка и ја забрка.
Го забркале арамијата низ гората.
7. (се забрка) Почне да се брка.
Англиски: chase Албански: ndjek
Примери:
Децата се забркаа низ полето.
Изведенки
1. забркува несв.
(се) забркуваат
2. забркување ср.
глаг. им.