mob - онтологија

булумента повеќе

Види и: булук (м.)
Вид збор: Именка, женски род
Група неорганизирани луѓе.
Примери:
Дедо ми беше еден од тие мудри старци кои се дигнаа против ропството на Хитлеровата клика и булументата околу него.

глутница повеќе

мн. глутници
Вид збор: Именка, женски род
Група луѓе што напаѓаат некого.
Албански: turmë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Педесетгодишен поручник, со избледени еполети, предводник на човечка глутница.

толпа повеќе

мн. толпи
Вид збор: Именка, женски род
Неорганизирана група, маса од луѓе.
Албански: turmë
Употреба: Книжевен збор
Примери:
толпа луѓе

чопор повеќе

мн. чопори
Вид збор: Именка, машки род
глутница
Српски: чопор
Употреба: Дијалектен збор , Разговорно
Примери:
чопор стаорци