Пејоратив - категорија

балканец повеќе

мн. балканци
Вид збор: Именка, машки род
Неформален израз за човек со груби манири.
Англиски: ruffian
Примери:
ноторен балканец

балканизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пренесување обележја, карактеристични за животот, обичаите и јазиците на балканските народи.
Примери:
Да не дозволиме балканизација на Африка!

белогазец повеќе

мн. белогасци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е со бел газ, со бели бедра.

болештина повеќе

мн. болештини
Вид збор: Именка, женски род
болест
Англиски: sickness Албански: sëmundje
Примери:
Војната донесе болештини и патила.

будалак повеќе

Види и: будала (ж.)
мн. будалаци
Вид збор: Именка, машки род
будала
Англиски: fool

будалетина повеќе

Види и: будала (ж.)
мн. будалетини
Вид збор: Именка, машки род
будала
Англиски: fool

будалиште повеќе

Види и: будала (ж.)
мн. будалишта
Вид збор: Именка, среден род
будала
Англиски: fool

булумента повеќе

Види и: булук (м.)
Вид збор: Именка, женски род
Група неорганизирани луѓе.
Англиски: mob
Примери:
Дедо ми беше еден од тие мудри старци кои се дигнаа против ропството на Хитлеровата клика и булументата околу него.

бунџија повеќе

мн. бунџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што постојано се буни и противречи.
Англиски: wise guy
Примери:
Овој бунџија ништо не работи, а постојано се буни.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - ц - ч - џ - ш