закотат
Вид збор: Глагол, свршен
За животни - направи да се расплодува, да се размножува.
Примери:
Сакаше да закоти зајаци.
(се закоти) Почне да се коти, се расплоди, се намножи.
Албански:
pjell, shumëzoj
Примери:
Во полето се закотија глувци.
запатат
Вид збор: Глагол, свршен
За животни - почне да одгледува; размножи, расплоди.
Примери:
Лисицата ги изеде сите кокошки што ги запатија.
(се запати) се размножи
Примери:
Во трлото се запатија многу овци.
заплодат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да расплодува, да размножува животни.
(се заплоди) За животно - се оплоди, почне да се плоди, да се размножува.
(се) изнакотат
Вид збор: Глагол, свршен
За некои животни (глувци, зајаци) - се накоти многу, во голем број.
Примери:
Зајаците што ги чувавме во визбата се изнакотија за кусо време.
За човек - народи многу, во голем број.
Примери:
Тие се изнакотиле како глувци.
котат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - раѓа многу деца.
Примери:
Копилињата ги котеле во пештерата.
(се коти) Се раѓаат деца, се размножуваат.
Примери:
Ем сиромаси, ем само се котат.
множат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зголемува број, количество на нешто.
Примери:
Глувците се множеа во селото.
мултиплицираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Умножува, множи, зголемува број на нешто.
Примери:
Понекогаш во поентата целиот настан се мултиплицира.
накотат
Вид збор: Глагол, свршен
Окоти повеќе малечки - за животно што се коти (зајак, мачка, лисица, глушец).
Албански:
shumohet, shtohet
Употреба:
Зоологија
намножат
Вид збор: Глагол, свршен
Бројно зголеми нешто, умножи.
Албански:
zmadhoj, shumëzoj
Примери:
Го намножи стадото, сега може да продава.
(се намножи) Се зголеми по број.
Примери:
Се намножија јагнињата, ама се намножија и волците.
(се) наплодат
Вид збор: Глагол, свршен
Се расплоди, се размножи во голем број.
Вид збор: Глагол, свршен
За мачка, зајак и други животни - донесе на свет младо животно.
Примери:
Зајачицата окоти пет зајчиња.
(се окоти) За мачка, зајак и други животни - добие, роди младо животно.
Примери:
Мачката ни се окоти.
патат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пати) се оплодува, се множи
плодат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се плоди) се размножува, се расплодува, се множи
Албански:
shtohet, shumëzohet
Употреба:
Биологија
Примери:
Тие животни многу се плодат.
помножат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши множење со броеви.
Вид збор: Глагол, свршен
се накоти, се намножи
Примери:
Годинава се понакотија глувци.
Вид збор: Глагол, свршен
Намножи, умножи во некоја мера.
Примери:
Нивното членство понамножи.
(се понамножи) Се намножи, се умножи во некоја мера.
размножат
Вид збор: Глагол, свршен
(се размножи) се расплоди
Примери:
Се размножи фамилијата негова.
(се размножи) Се зголеми по број, количество.
Примери:
Се размножија многу ваквите дуќани.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се умножува) се намножува