нарасне
нараснат; нарасни, нараснете; нараснав, нарасна, нараснаа; нараснал; нараснат; (ќе) нараснев, (ќе) нараснеа; (ќе) нараснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8999
1.
Стане повисок, потпорасне.
Примери:
Кога ќе ти нараснат децата, ќе ти биде полесно.
2.
Никне, се развие врз некоја почва (за растенија).
Англиски:
grow
Албански:
binë, rritet
Низ пченката нараснаа секакви тревје.
Слично со:
никне (св.)
3.
Се крене, се зголеми по обем, надојде (за река, вода).
Англиски:
rise
Албански:
zmadhohet, ngirtet
Реката нарасна до прелевање.
Го остави тестото да нарасне.
Слично со:
зголеми (св.)
4.
Стане повеќе по број, бројно се зголеми, се засили и сл.
Англиски:
increase
Албански:
rritet, shtohet
Вревата нарасна.
Четата нарасна со нови борци.
Огнот нарасна и стана опасен.
Изведенки
1.
нараснува несв.
нараснуваат
нараснуваат
2.
нараснување ср.
глаг. им.
глаг. им.