must - онтологија

мора повеќе

мораат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто против своја волја, има должност, обврска да прави нешто.
Албански: duhet
Примери:
Морав да бидам послушен.
Треба, потребно е.
Употреба: Безлично
Примери:
Утре мора да се стане рано.
За истакнување веројатност на тоа што се кажува со да-конструкцијата.
Примери:
Мора да размислила за постапката, зашто дојде и ми се извини.
За истакнување спротивен став.
Примери:
Тој мора сѐ да знае.

треба повеќе

требаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Следува; определено е, ред е.
Употреба: Безлично
Примери:
Кога веќе ве поканија, требаше да дојдете.
Веројатно е, може, можеби, можно е.
Употреба: Безлично
Примери:
Судејќи по изгледот и по држењето, овој човек треба да е некој странец.