треба
требаат; требаше; требал; требало, требала; требале
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 46
1.
Потребно е.
Примери:
Треба да знаете.
Не треба да одиш таму.
Така требало да биде.
Не е како што треба.
Така треба.
Така и му треба (нему).
2.
Следува; определено е, ред е.
Примери:
Кога веќе ве поканија, требаше да дојдете.
Треба да се слушаат родителите.
3.
Веројатно е, може, можеби, можно е.
Примери:
Судејќи по изгледот и по држењето, овој човек треба да е некој странец.
4.
Со кратките форми за индиректен објект од личните заменки.
Англиски:
need
Ако не ти требам, тогаш што ме викаш.
Знам, вам ви требаат многу пари.
Уште тоа ми требаше.