nature - онтологија

карактер повеќе

мн. карактери
Вид збор: Именка, машки род
Јасно изразено, суштинско својство, обележје на некој предмет или појава; природа, суштина.
Албански: karakter, natyrë
Примери:
Постојано треба да се подвлекува суштината на општествениот карактер на културата.

натура повеќе

мн. натури
Вид збор: Именка, женски род
природа
Албански: natyrë
Нарав, карактер, темперамент (за лице).
Албански: natyrë, karakter
Примери:
творечка натура, благородна натура

природа повеќе

(едн.) природата
Вид збор: Именка, женски род
Материјалниот свет што нѐ опкружува, сѐ што постои без учество на човековиот труд, со сите појави, законитости и услови на постоење на органскиот и неорганскиот свет.
Албански: natyrë
Употреба: Филозофија
Околина на населено место, отворен простор.
Албански: natyrë
Употреба: Екологија
Примери:
Тој се восхитуваше на природата.
Суштинско, основно обележје на некого или нешто.
Албански: natyrë
Примери:
Детската природа е многу чувствителна.

табиет повеќе

Вид збор: Именка, машки род
нарав, карактер, ќуд, природа, темперамент
Турски: tabiat
Употреба: Разговорно
Примери:
лош табиет