necktie - онтологија

вратоврска повеќе

мн. вратоврски
Вид збор: Именка, женски род
Дел, обично од машката облека, што се врзува како украс околу вратот под јаката од кошулата.
Албански: kravatë
Примери:
средба без вратоврски, но со обврски

врска повеќе

мн. врски
Вид збор: Именка, женски род
кравата
Албански: kravatë
Употреба: Разговорно
Примери:
На секоја кошула носеше посебна врска.

кравата повеќе

мн. кравати
Вид збор: Именка, женски род
вратоврска
Примери:
Директорот секогаш носеше костум и кравата.

машна повеќе

мн. машни
Вид збор: Именка, женски род
кравата, вратоврска
Српски: машна
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
портокалова машна