баталат
Вид збор: Глагол, свршен
(се батали) се запушти, се запостави
Примери:
Работата во бараката сосема се батали.
забаталат
Вид збор: Глагол, свршен
Запусти, занемари некого или нешто.
Албански:
lë anash, shpërfill
Употреба:
Разговорно
Примери:
Тој се затвори дома и ги забатали другарите.
(се забатали) се запусти, се занемари
Албански:
lë pas dore, shpërfill
Примери:
Се препушти на безделништво и се забатали.
заборават
Вид збор: Глагол, свршен
Занемари, запостави, престане да се грижи за некого или за нешто.
Примери:
Одминуваат и не се обѕрнуваат, сосем ме заборавиле.
занемарат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да се грижи, да води сметка за некого или за нешто.
Албански:
shpërfill, lë pas dore
Примери:
Синот го занемари имотот и тој почна да пропаѓа.
(се занемари) се запостави
Албански:
lë pas dore, shpërfill
Примери:
Откога умре старата, стариот сосема се занемари.
заостават
Вид збор: Глагол, свршен
Занемари, запостави, запушти некого или нешто.
Албански:
lë pas dore, shpërfill
Примери:
Тој се оддаде на пиење и ја заостави работата.
(се заостави) се запусти
Албански:
braktis, lë pas dore
Примери:
Откако остана сам, се заостави и ништо веќе не му беше важно.
запостават
Вид збор: Глагол, свршен
Не поведе грижа, не обрне доволно внимание, занемари некого или нешто.
Примери:
Тој си го запостави семејството.
(се запостави) Се занемари себеси, не си обрне доволно внимание себеси.
Примери:
Од многу работа таа се запостави.
запустат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане пусто.
Примери:
Тој го запусти имотот од татка си.
Запушти, занемари некого или нешто.
Примери:
Од пусто пиење си го запусти семејството.
(се запусти) Се запушти, се занемари себеси.
Примери:
Откако остана сам, тој се запусти.
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на тој што е запуштен и на тоа што е запуштено.
запуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Не води грижа за некого или за нешто, занемари.
Албански:
braktis, lë pas dore
Примери:
Тој ги запуштил своите стари родители.
(се запушти) Не води грижа за себе.
Албански:
braktis vehten, neglizhoj
Примери:
Од некое време многу се запушти.
испустат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испусти) Престане да се грижи за себеси.
Албански:
shkretohem, neglizhohem
Примери:
Од тага сосема се испусти.
подзанемарат
Вид збор: Глагол, свршен
Занемари, запостави малку, донекаде.
Примери:
Од премногу обврски, таа ја подзанемари хигиената во куќата.
(се подзанемари) Се занемари, се запостави малку, донекаде.
Примери:
Во последно време, тој се подзанемари.
подзапостават
Вид збор: Глагол, свршен
Запостави нешто во извесна мера, донекаде.
Примери:
Тој ги подзапостави испитите.
(се подзапостави) Се запостави себеси малку, донекаде.
Примери:
Во последно време, таа како да се подзапостави малку, не внимава на својот изглед.
пренебрегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Занемари некого или нешто, не земе предвид, не обрне внимание.
Примери:
Го пренебрегнал барањето на работниците.