Разговорно - категорија

бабачко повеќе

мн. бабачковци
Вид збор: Именка, машки род
Човечиште, крупен и силен човек.
Англиски: giant Турски: babaçko
Примери:
За да биде работата уште повесела, покрај кафезот седеа тројца бабачковци со машински пушки.

баботало повеќе

мн. баботала
Вид збор: Именка, среден род
Тој што баботи, што зборува постојано и гласно.
Англиски: blabber
Примери:
Престани, баботало!

бавта повеќе

бавтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мами, вешто лаже некого, матка.
Англиски: outtrick Албански: gënjej, mashtroj
Примери:
Го бавтаат наваму-натаму.

бавчалак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
бавчанџилак
Англиски: horticulture Турски: bahçelik

бавчанџија повеќе

мн. бавчанџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со одгледување градинарски производи.
Англиски: gardener Турски: bahçeci

бавчанџиство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
градинарство
Англиски: gardening Турски: bahçecilik
Примери:
Целиот свој живот се занимава со бавчанџиство.

багатела повеќе

Вид збор: Прилог
Нешто незначително, со мала цена.
Англиски: bagatelle
Примери:
Го купив евтино, багатела.

багателен повеќе

багателниот
Вид збор: Придавка
Што е незначително, евтино.
Англиски: cheap
Примери:
Багателна работа.

бадемлија повеќе

бадемлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) бадемест, бадемов

бадијалџија повеќе

мн. бадијалџии
Вид збор: Именка, машки род
Безработник, готован, мрзливец, тој што денгуби.
Англиски: idler Турски: bedavacı
Примери:
селски бадијалџија

баеги повеќе

Вид збор: Прилог
Не е многу, ама пак е значително повеќе од нормалното.
Англиски: considerable Турски: bayağı
Примери:
Баеги работа свршив.
Многу, ама не сака така да се нарече, дури се мисли и дека е повеќе од многу.
Англиски: plenty
Примери:
Баеги пари потроши за свадбата.

баждар повеќе

мн. баждари
Вид збор: Именка, машки род
Службено лице што собира такса по тезгите.
Албански: matës, peshues
Примери:
Има вработено десетина баждари во Скопски пазар.

баждари повеќе

баждарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Наплатува парична такса.
Англиски: tax Албански: paguan
Примери:
Тој баждарел целиот свој живот

баждарџија повеќе

Види и: баждар (м.)
мн. баждарџии
Вид збор: Именка, машки род
баждар

бај повеќе

Вид збор: Извик
поздрав
Англиски: bye
Примери:
Бај-бај!
За довикување овци.
Примери:
Бај, ба-ај!

бајати повеќе

бајатат
Вид збор: Глагол, несвршен
расипува
Англиски: stale Турски: bayatlamak Албански: bajat
Примери:
Топлото го бајати млекото.

бакари повеќе

бакарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Почитува, цени некого или нешто.
Англиски: honour
Примери:
Воопшто не ме бакари.

бакарлија повеќе

мн. бакарлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што има боја на бакар, обично за човек, за неговиот темен тен, за бојата на очите и сл.
Англиски: copper coloured Турски: bakır
Примери:
Очи бакарлии.

бакрач повеќе

мн. бакрачи
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) глупости
Англиски: nonsense Албански: marrëzi
Примери:
Какви пари, какви бакрачи.

баксуз повеќе

мн. баксузи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што го следи лоша среќа, кому едно по друго му се случуваат лоши работи, несреќен човек.
Англиски: bad luck Турски: bahtsız Албански: baksuz
Примери:
Мајка ми ме родила баксуз.
Човек што му носи несреќа на друг човек.
Англиски: bad luck Албански: pa fat
Примери:
Ако го пуштиш оној баксуз в куќа, се наопаку ќе ти тргне.
несреќа, неволја
Англиски: misfortune Албански: fatkeqsi
Примери:
Го тераше баксуз низ животот.

баксузен повеќе

баксузниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на баксуз.
Англиски: misfortunate
Примери:
баксузен човек

бактиса повеќе

Види и: боктиса (св.)
(се) бактисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му...) стане досаден, здодевен.
Англиски: bore
Примери:
Ми (се) бактиса оваа работа.

бакшиш повеќе

мн. бакшиши
Вид збор: Именка, машки род
Подарок, дар, награда за направена услуга.
Англиски: present Турски: bahşiş Албански: bakshish
Примери:
Снаата ќе донесе безброј бакшиши.
Паричен додаток, награда што се додава кон цената на услугата.
Англиски: tip Албански: bakshish
Примери:
Му остави голем бакшиш.

балама повеќе

мн. балами
Вид збор: Именка, машки род
Глуп, глупав, умствено ограничен човек.
Англиски: fool
Примери:
Жените знаеле за ноќната игра на своите брадати балами.

баланѕа повеќе

мн. баланѕи
Вид збор: Именка, женски род
Кантар, уред за мерење.
Примери:
На баланѕата легнува денк по денк.

балдаза повеќе

мн. балдази
Вид збор: Именка, женски род
свеска, сестра на сопругата
Англиски: sister-in-law Турски: baldız
Примери:
Имал снаа и балдаза.

балканштина повеќе

мн. балканштини
Вид збор: Именка, женски род
Сите лоши особини на балканците.
Примери:
Тоа е длабока навреда, говор на омраза, непријателство, примитивизам, вандализам и балканштина.

бамка повеќе

бамкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
тепа
Англиски: beat Албански: rrah
Примери:
Не туку го бамкај детето.
дрдори, мрмори
Англиски: mumble Албански: murmuritje

банбадајала повеќе

Вид збор: Прилог
бамбадијала

баничар повеќе

мн. баничари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака многу баница, пита.
Примери:
Тој е голем баничар.

банка повеќе

мн. банки
Вид збор: Именка, женски род
Пара со вредност од десет денари.
Примери:
Му даде осум банки.
Вложените пари на сите играчи во едно делење карти при коцкањето.
Англиски: bank

баптиса повеќе

баптисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се умори, премали, се истошти.
Примери:
На коленици баптисала.

бараба повеќе

мн. бараби
Вид збор: Именка, машки род
Разбојник, арамија, никаквец, пропаднат човек.
Англиски: crook
Примери:
Еден бараба ми ја украде чантата.

барабар повеќе

Вид збор: Прилог
заедно
Англиски: together Турски: beraber
Примери:
Тој сака барабар со нас да биде.

батакчија повеќе

мн. батакчии
Вид збор: Именка, машки род
нечесен, расипан човек
Англиски: crook Турски: batakçı
Примери:
Не гледаш ли дека и тој тргнал со батакчиите.

батакчилак повеќе

мн. батакчилаци
Вид збор: Именка, машки род
Измама, нечесно работење.
Англиски: scam

батал повеќе

Вид збор: Придавка
запуштен, неприбран, неуреден, запоставен
Англиски: neglected Турски: batal
Примери:
батал човек

батали повеќе

баталат
Вид збор: Глагол, свршен
остави, напушти
Англиски: leave Турски: battal etmek Албански: lë, braktis
Примери:
Штотуку се чу дека војната завршила, баталив и жена и деца, тргнав.
(се батали) се запушти, се запостави
Англиски: neglect Албански: shpërfill
Примери:
Работата во бараката сосема се батали.

батка повеќе

мн. батковци
Вид збор: Именка, машки род
вокатив од брат
Примери:
Батка, дај една цигара!

батка повеќе

баткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дрдори, пљампа
Англиски: chatter, blab
Примери:
Многу баткаш, ме заболе главата.

бауч повеќе

мн. баучи
Вид збор: Именка, машки род
Голем, тешко совладлив проблем.
Англиски: bugaboo Албански: e panjohur, problem
Примери:
Математиката ми е бауч.

бацло повеќе

мн. бацловци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е валкан.

бацувка повеќе

мн. бацувки
Вид збор: Именка, женски род
бакнеж
Англиски: kiss
Примери:
Тоа беше нејзината прва бацувка.

баш повеќе

Вид збор: Придавка
Прв дел од полусложенка со значење - прв, главен, најдобар, најважен, првокласен.
Англиски: main Турски: baş

башка повеќе

Вид збор: Прилог
посебно, одделно
Англиски: separately Турски: başka
Примери:
Сето тоа ние башка ќе го платиме.

башка повеќе

Вид збор: Придавка
друг, посебен
Англиски: other Турски: başka
Примери:
Спиеше на башка постела.

башкари повеќе

(се) башкарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се одмора лежејќи, се излежува.
Примери:
Кој ти дозволил да се башкариш на мојата постела?

бегалко повеќе

мн. бегалковци
Вид збор: Именка, машки род
Бегалец, обично од некоја работа.
Англиски: truant
Примери:
Тој е бегалко од училиште.

безецира повеќе

безецираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Резервира, зафати место.
Англиски: occupy Германски: besetzen
Примери:
Ти безецирав три места.

безобразие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на срам, безобразност.
Англиски: impertinence
Примери:
Невидено безобразие.

бекрија повеќе

мн. бекрии
Вид збор: Именка, машки род
Љубител на пијалак и ноќен живот.
Англиски: boheme Турски: bekri
Примери:
Тој беше бекрија и безделник од рана младост.

бележан повеќе

бележаниот
Вид збор: Придавка
Обележен од вакцина бесеже.
Англиски: vaccinated
Примери:
Бележани овци.

белки повеќе

Вид збор: Модален збор
Изразува можност, веројатност, претпоставка, надеж.
Англиски: maybe Турски: belki
Примери:
Белки гревот ќе ми се намали.

беља повеќе

мн. бели
Вид збор: Именка, женски род
зло, несреќа, штета
Англиски: harm Турски: bela
Примери:
Ќе стане некоја беља ноќеска или утре.

бељаџија повеќе

мн. бељаџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прави беља.
Англиски: troublemaker Турски: bela
Примери:
Малечок е, ама голем бељаџија.

бендиса повеќе

бендисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се допадне некому.
Англиски: like Турски: beğenmek Албански: pëlqej
Примери:
Тој од едно видување ја бендиса девојката.
(се бендиса) Се допадне сам себеси.
Англиски: like Албански: pëlqej
Примери:
Тој се бендисуваше во црн костум.
(се бендиса) Се бендиса, се допадне еден на друг.
Англиски: like Албански: pëlqej
Примери:
Тие се бендисаа и се зедоа.

бере повеќе

берат
Вид збор: Глагол, несвршен
Собира пари, штеди.
Англиски: collect Албански: mbledhë, kursen
Примери:
Бегот го береше данокот.

бериќет повеќе

(едн.) бериќетот
Вид збор: Именка, машки род
род, плод, благодат
Англиски: abundance Турски: bereket
Примери:
Ако не фати суша и град, ќе има бериќет.

бериќетен повеќе

бериќетниот
Вид збор: Придавка
Многу плоден, плодороден.
Англиски: abundant
Примери:
бериќетна година

бес повеќе

мн. бесови
Вид збор: Именка, машки род
беснило
Англиски: rabies Албански: tërbim
Примери:
Ќе нѐ вовлечат и нас во оган, бесот да ги фати!!

беса повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Чесен збор, даден збор што се смета за светост во традиционалната култура на Албанците; ветување.
Англиски: oath Албански: besë
Примери:
Крвната одмазда, бесата и побратимството ја штителе зедницата, но не и поединецот во неа.

бесач повеќе

мн. бесачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што беси, одзема некому живот со бесење.
Англиски: hangman
Примери:
Стрелајте во јажињата и спасете ги невините луѓе од бесење, а во овој дел имате и нова задача, да ги убиете и бесачите.

бесен повеќе

бесни
Вид збор: Придавка
развратен, распуштен, немирен
Англиски: unrestrained Албански: i tërbuar
Примери:
бесни деца

бетер повеќе

Вид збор: Придавка
полош
Англиски: worse Турски: beter
Примери:
Бетер од животно те сметаат.

беќар повеќе

мн. беќари
Вид збор: Именка, машки род
Неженет човек, момче, ерген.
Англиски: bachelor Турски: bekâr
Примери:
стар беќар

бизнис повеќе

(едн.) бизнисот
Вид збор: Именка, машки род
Трговска или друга дејност што носи добра заработувачка.
Англиски: business Албански: biznes

билмез повеќе

мн. билмези
Вид збор: Именка, машки род
глупак, незнајко
Англиски: fool Турски: bilmezlik
Примери:
Го чувте ли овој билмез?

бира повеќе

мн. бири
Вид збор: Именка, женски род
пиво
Англиски: beer Албански: birrë
Примери:
Ладна бира.

бирократија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
чиновнички апарат
Англиски: bureaucracy Албански: burokraci
претерано, бесмислено администрирање
Англиски: bureaucracy Албански: burokraci, administrim i tepruar

биртија повеќе

мн. биртии
Вид збор: Именка, женски род
Кафеана од ниска категорија.
Англиски: joint, pub
Примери:
селска биртија

благо повеќе

мн. блага
Вид збор: Именка, среден род
(едн.) Слатко, густо сварено овошје со многу шеќер.
Англиски: sweet Албански: ëmbël
Примери:
За добредојде едно благо.
Општ назив за секое јадење приготвено со шеќер.
Англиски: dessert Албански: ëmbëlsirë
Примери:
По ручекот, секогаш благо.

блажи повеќе

блажат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се заслади; изеде нешто благо, слатки.
Англиски: sweeten Албански: ëmbëlsoj
Примери:
Децата блажат усни со мед.

блесометар повеќе

мн. блесометри
Вид збор: Именка, машки род
мерка за глупоста
Примери:
Ова не може да го измери ниту еден блесометар.

блондинка повеќе

мн. блондинки
Вид збор: Именка, женски род
русокоса жена
Англиски: blonde
Примери:
Таа беше убава блондинка, со прекрасни сини очи.

блувотина повеќе

Види и: блујавица (ж.)
мн. блувотини
Вид збор: Именка, женски род
блујавица
Англиски: puke

блуе повеќе

блујат
Вид збор: Глагол, несвршен
Повраќа, ја исфрла храната назад од желудникот.
Англиски: spit, vomit Албански: vjellë Бугарски: бълвам
Примери:
Таа цела ноќ блуеше.

блуеница повеќе

мн. блуеници
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што се повраќа, што е изблуено.
Англиски: puke
Примери:
Тој со крпата ги бришеше блуениците од подот.

боговски повеќе

боговскиот
Вид збор: Придавка
Што е преголем, пребогат, преубав, што е како за бог.
Англиски: magnificent
Примери:
Нему му припадна боговски дел.

бојадиса повеќе

бојадисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Излаже некого.
Англиски: cheat Албански: lyej, gënjej

боклук повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
ѓубре, буниште, отпадоци
Англиски: trash, dump Турски: bokluk

боксерки повеќе

боксерките
Вид збор: Именка, множина
Машки гаќички слични на тие што ги носат боксерите.
Англиски: shorts

боктиса повеќе

боктисаат
Вид збор: Глагол, свршен
додее, досади
Англиски: bore Турски: bıkmak
Примери:
На сите им боктиса.

бомба повеќе

мн. бомби
Вид збор: Именка, женски род
Нешто извонредно, сензационално, успешно.
Англиски: super Албански: bombë, super
Примери:
Тоа е бомба работа.

бос повеќе

мн. босови
Вид збор: Именка, машки род
шеф, газда
Англиски: boss
Примери:
наркобос, политички бос

боц повеќе

Вид збор: Извик
Извик за означување дека нешто боде, обично на шега, во игра и сл.

бош повеќе

Вид збор: Придавка
празен, несодржаен, јалов
Англиски: empty Турски: boş
Примери:
бош муабет

брат повеќе

мн. браќа
Вид збор: Именка, машки род
При фамилијарно обраќање кон непознат човек.
Примери:
Добро, брате, така нека биде.

братучед повеќе

мн. братучеди
Вид збор: Именка, машки род
Фамилијарно обраќање кон маж, познат или непознат.
Албански: kushëri, kushë
Примери:
А бре братучед, ајде тргни се.

бре повеќе

Вид збор: Извик
при обраќање
Турски: bre
Примери:
Синко, зошто, бре синко, куќа затвори?
при чудење
Англиски: wow Турски: bre
Примери:
Бре, бре, бре! - се чудеа невести, жени, девојки.
За да се обрне внимание на нешто, извик по стока или некој да се уплаши.
Примери:
У бре! а-а-а-а! Држте ги пците.

брзопотезен повеќе

брзопотезниот
Вид збор: Придавка
Што се прави многу брзо.
Примери:
брзопотезен тест за оптички илузии

бригадирка повеќе

Види и: бригадир (м.)
мн. бригадирки
Вид збор: Именка, женски род
Облека што ја носат бригадирите.
Албански: brigadiere
Примери:
Бригадирката убаво и стоеше.

бричи повеќе

бричат
Вид збор: Глагол, несвршен
дере, соголува, ограбува
Англиски: rob Албански: vjedh
Примери:
Тој на суво ги бричи селаните.
Дува силно.
Албански: fryn
Примери:
Лутиот ветер бричи по полето.

брише повеќе

бришат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само заповеден начин) бегај
Англиски: beat it Албански: ik tutje
Примери:
Реков, бриши оттука.

бришка повеќе

Вид збор: Извик
Извик со кој некој се брка - бегај.
Примери:
Бришка!

бришка повеќе

мн. бришки
Вид збор: Именка, женски род
Како поминато со крпа за бришење.
Албански: e fshirë me leckë
Примери:
Бришка прават по тепсијата.

брле повеќе

мн. брлевци
Вид збор: Именка, среден род
Оној што е брлив, глупав, будала.
Англиски: fool
Примери:
Брле ниедно!

брлог повеќе

мн. брлози
Вид збор: Именка, машки род
Легло воопшто, дом.
Англиски: home Албански: shtëpi
Примери:
Утрото земам да работам, сака да се измете брлогот, да се испере, да се стори.

бруцош повеќе

мн. бруцоши
Вид збор: Именка, машки род
Студент на прва година без положен испит.
Англиски: beginner
Примери:
Бруцошите ги прими деканот на факултетот.

буба повеќе

бубаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Учи механички, напамет.
Англиски: learn by heart Албански: mëson përmendësh
Примери:
По малку делува изгубено, како студент што многу буба.

бубалица повеќе

мн. бубалици
Вид збор: Именка, женски род
Ученик што учи механички.
Англиски: crammer

бувтамбек повеќе

мн. бувтамбеци
Вид збор: Именка, машки род
ќотек
Англиски: beating
Примери:
Таму дошло до силни пресметки со бувтамбеци и ластегарки.

бујрум повеќе

Вид збор: Извик
повели, повелете
Англиски: please Турски: buyurmak
Примери:
Бујрум, коџабаши, бујрум, повели седни, да направиме еден муабет.

була повеќе

мн. були
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Во загуба, во минус, во економска смисла.
Англиски: loss Албански: humbje
Примери:
Отиде во була.

бургија повеќе

мн. бургии
Вид збор: Именка, женски род
закачка, шега, досетка, бесмислица
Англиски: nonsense Албански: absurditet
Примери:
Дипломатски бургии.

бута повеќе

бутаат
Вид збор: Глагол, несвршен
турка
Англиски: push Албански: shtyj
Примери:
Тој ја бута од себе девојката.

бутка повеќе

буткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
турка
Англиски: push Албански: shtyej
Примери:
Селаните ги буткаа жените со децата поблиску до огнот.
Турне на испит некого.
Албански: rrëzon
Примери:
На испитот по математика професорот ги буткаше најмалку половината од пријавените.
става, дава
Англиски: give Албански: fut, jep
Примери:
Тој му бутка на детето јаболко в рака.
(се бутка) се турка
Англиски: shove Албански: shtyhet
Примери:
Луѓето се буткаа кој прв да излезе.

бутканица повеќе

мн. бутканици
Вид збор: Именка, женски род
турканица, метеж
Англиски: crowd
Примери:
За да нема бутканици, ќе нѐ водат во редици - рече жената.

бутне повеќе

бутнат
Вид збор: Глагол, свршен
турне
Англиски: push Албански: shtyj
Примери:
Тој ја бутна вратата сосила и влезе.
става, дава
Англиски: shove Албански: fus
Примери:
Куп машки кошули бутнав во машината за перење.
(се бутне) се турне
Англиски: push Албански: futet
Примери:
Тој прв се бутна во мене.

бутуриса повеќе

бутурисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Јако и силно турне, бутне некого.
Англиски: push
Примери:
Ја фати за раменици и ја бутуриса во отворената порта.

бучава повеќе

мн. бучави
Вид збор: Именка, женски род
Бука, ширење силни звуци.
Англиски: noise
Примери:
На полноќ се чу бучава, потоа татнеж.

бучкуруш повеќе

мн. бучкуруши
Вид збор: Именка, машки род
Јадење подготвено од несоодветни состојки.
Примери:
Министер ли да сркне и да проба од бучкурушот?

буџа повеќе

мн. буџи
Вид збор: Именка, машки род
Важна личност најчесто од политичкиот свет.
Англиски: boss
Примери:
Живееме од ѓубрето што го собираме од кантите на буџите, рече бездомникот.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш