neigh - онтологија

вижди повеќе

виждат
Вид збор: Глагол, несвршен
вишти, виска
Употреба: Зоологија

виска повеќе

вискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издава висок и остар глас, обично за коњ.
Употреба: Зоологија
Примери:
Жените плачеа, коњите вискаа пред жалната глетка на Мечкин Камен.

висне повеќе

Види и: виси (несв.)
виснат
Вид збор: Глагол, свршен
виска, вишти
Албански: hingëllin
Примери:
Коњот нешто насети, се вознемири и висна.

вишти повеќе

Види и: виска (несв.)
виштат
Вид збор: Глагол, несвршен
виска
Употреба: Зоологија
Примери:
Таа ноќ коњите во плевната уплашено виштеа.

зависка повеќе

Види и: виска (несв.)
завискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да виска.
Примери:
Коњот зависка.

завишти повеќе

завиштат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вишти.
Употреба: Зоологија
Примери:
Коњот завишти по својот стопан.

заѕвиска повеќе

заѕвискаат
Вид збор: Глагол, свршен
За коњ - почне да ѕвиска, да 'ржи.
Примери:
Ранетиот коњ заѕвиска.

заржи повеќе

заржат
Вид збор: Глагол, свршен
За коњ - почне да ’ржи.
Албански: hingëllon
Примери:
Коњот во дворот заржа бесно.

ѕвиска повеќе

ѕвискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За коњ - испушта пискав глас; пискаво ржи, вижди, вишти.
Употреба: Зоологија
Примери:
Коњот ѕвискаше пред зајдисонце.

извиска повеќе

Види и: виска (несв.)
извискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Виска еднаш, силно.
Примери:
Младиот коњ извиска и стреловито јурна по една тесна патека.

исцвили повеќе

исцвилат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушти звук на цвилење.
Примери:
Коњот жално исцвили.

развиска повеќе

(се) развискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу да цвили.
Албански: hingëllon
Примери:
Нешто многу се развискал коњот.

расцвили повеќе

Види и: цвили (несв.)
(се) расцвилат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да цвили (за коњ издава жален звук).
Употреба: Зоологија
Примери:
Коњите се расцвилија.

расцвилува повеќе

Види и: расцвили (св.)
(се) расцвилуват
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расцвили
Употреба: Зоологија

цвили повеќе

цвилат
Вид збор: Глагол, несвршен
За коњ - издава жален звук.
Албански: hingëllin
Употреба: Зоологија
Примери:
Коњот цвили, синко, за тебе.