Зоологија - категорија

цап повеќе

мн. цапови
Вид збор: Именка, машки род
јарец
Англиски: goat Албански: sqap, cjap

цареневестица повеќе

мн цареневестици
Вид збор: Именка, женски род
ласица, невестулка
Латински: Mustela nivalis Англиски: weasel

цвили повеќе

цвилат
Вид збор: Глагол, несвршен
За коњ - издава жален звук.
Англиски: neigh Албански: hingëllin
Примери:
Коњот цвили, синко, за тебе.
За некои птици - пишти, писка.
Англиски: shriek Албански: vikat
Примери:
Во гнездото цвилеа малите орлиња.
За змија - пишти.
Англиски: squeal Албански: klithmë
Примери:
Цвили змија во темна зандана.

цвитка повеќе

мн. цвитки
Вид збор: Именка, женски род
Инсект што свети на темно.
Латински: Lampyris noctiluca Англиски: glow-worm

цвркот повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Цвркотење, цвркање, цврчење на многу птици.
Англиски: twitter
Примери:
врабечки цвркот

цеце повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Обично во составот мувата цеце - африканска мува што ја пренесува болеста спиење.
Латински: Glossina Англиски: Tsetse fly

цеце-мува повеќе

Види и: цеце (ж.)
мн. цеце-муви
Вид збор: Именка, женски род
цеце
Англиски: Tsetse fly

циганче повеќе

мн. циганчиња
Вид збор: Именка, среден род
Мала темносива појна птица слична на врапче.
Латински: Phoenicurus ochruros Англиски: black redstart

ципура повеќе

мн. ципури
Вид збор: Именка, женски род
Риба од Средоземното Море, позната уште од античко време.
Латински: Sparus aurata Англиски: gilthead

цирон повеќе

мн. цирони
Вид збор: Именка, машки род
белвица
Латински: Alburnus belvica Англиски: bleak

цицалче повеќе

мн. цицалчиња
Вид збор: Именка, среден род
Животно што се храни уште на цица.
Англиски: suckling Албански: këlysh mëndak
Примери:
Јагне цицалче.

цицач повеќе

мн. цицачи
Вид збор: Именка, машки род
(пообично мн.) Животно што ги храни своите мали со млеко.
Латински: Mammalia Англиски: mammal Албански: gjitar
Примери:
Цицачите се највисока класа меѓу 'рбетниците.

цицингарец повеќе

мн. цицингарци
Вид збор: Именка, машки род
црцорец
Англиски: cricket

црв повеќе

мн. црви
Вид збор: Именка, машки род
Животно безрбетник со долгникаво тело; ларви од ова животно.
Англиски: worm Српски: црв Албански: krimb Бугарски: червей
Примери:
Бараше црвје и ловеше со нив риби.
Микроскопски ситни претставници од класата Арахнида, со валчести тела што виреат насекаде и се хранат од растителни и животински отпадоци.
Латински: Acarina Англиски: mite
Примери:
прашина полна со црви

црвек повеќе

мн. црвеци
Вид збор: Именка, машки род
црцорец, штурец
Англиски: cricket

црвеногушка повеќе

мн. црвеногушки
Вид збор: Именка, женски род
Мала сива појна птица слична на врапче со портокалово црвени гради.
Латински: Erithacus rubecula Англиски: European robin

црвеноперка повеќе

мн. црвенопоерки
Вид збор: Именка, женски род
Вид риба со црвени перки.
Латински: Scardinius erythrophthalmus Англиски: rudd

црвеношијка повеќе

мн. црвеношијки
Вид збор: Именка, женски род
Птичка со црвеникав пердув околу шијата и градите.
Латински: Erithacus rubecula Англиски: robin

црвец повеќе

Види и: црв (м.)
мн. црвци
Вид збор: Именка, машки род
црв
Англиски: worm
Примери:
Бели црвци.

црвче повеќе

Види и: црвец (м.)
мн. црвчиња
Вид збор: Именка, среден род
црв, црвец
Англиски: worm
Примери:
Се храни со црвчиња.

цркавец повеќе

Види и: црцорец (м.)
мн. цркавци
Вид збор: Именка, машки род
црцорец
Англиски: cricket

црцорец повеќе

мн. црцорци
Вид збор: Именка, машки род
Вид крилест инсект, мажјакот на стомакот има кожичка која треперејќи произведува специфични звуци (црцор) при високи температури.
Латински: Cicada Англиски: cicada

цуцул повеќе

мн. цуцули
Вид збор: Именка, машки род
Вид птица со цуцка.
Латински: Alauda arvensis Англиски: Skylark
Примери:
Цуцул пасе говеда покрај река Ситница.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш