nest - онтологија

вгнезди повеќе

(се) вгнездат
Вид збор: Глагол, свршен
Свие гнездо.
Албански: fole
Примери:
Јато диви гулаби се вгнездиле во карпите.
Се вовлече, се вреже.
Албански: fole
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неизвесност се вгнезди во секој од нас.

вовлече повеќе

вовлечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вовлече) Се вовре, се пикне, се смести некаде.
Албански: depërtoj
Примери:
Незабележано се вовлековме во спалната.

гнезди повеќе

се
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави гнездо.
Примери:
Птиците се гнездеа на дрвото.

гнездо повеќе

мн. гнезда
Вид збор: Именка, среден род
Живеалиште на птици обично на дрво.
Албански: strofull
Примери:
Сламка по сламка, пердувче по пердувче, дури земја со клунот пренесува, само гнездото да му биде поцврсто и потопло.
Место, средиште на некаква дејност.
Албански: fole
Употреба: Преносно значење
Примери:
ајдучко гнездо
Место, добро засолнето, од каде што пукаат војници.
Албански: fole
Употреба: Воен термин
Примери:
митралеско гнездо

загнезди повеќе

Види и: гнезди (несв.)
(се) загнездат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи гнездо.
Албански: bëj çerdhe
Примери:
Една ластовичка се загнезди под нашата стреа.

згнезди повеќе

Види и: гнезди (несв.)
(се) згнездат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи гнездо.
Примери:
Ластовички се згнездија под стреата.

легало повеќе

мн. легала
Вид збор: Именка, среден род
гнездо, седело
Албански: çerdhe

легло повеќе

мн. легла
Вид збор: Именка, среден род
легало
Албански: shtrat

огнезди повеќе

(се) огнездат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) вгнезди

седало повеќе

мн. седала
Вид збор: Именка, среден род
(гнездо) седело
Албански: çerdhe, strofull

седело повеќе

мн. седела
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што седат птици.
Употреба: Зоологија
Примери:
Штркот легнал на седелото.

седелце повеќе

Види и: седело (ср.)
мн. седелца
Вид збор: Именка, среден род
седело
Употреба: Деминутив