а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пикне

пикнат; пикни, пикнете; пикнав, пикнаа; пикнал; пикнат; пикнев, пикнеа; пикнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2651
1. Ставање во нешто тесно со сила.
Англиски: stuff Албански: fus gjëra
Употреба: Народна поезија
Примери:
Ги пикнал рацете в џеб.
Ја пикнал главата меѓу колена.
Ја пикнала опашката во дупката.
(нар. поез.) Ми пикнал оган в пазува.
2. Ставање некаде каде што не му е местото.
Англиски: mislay Албански:
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги пикнал некаде чорапите.
3. Даде кришум.
Албански: msheftaz
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Му пикна в рака пари.
4. Обезбеди некаква положба.
Примери:
Го пикнал и брата си таму да работи.
5. (се пикне) Влезе во нешто тесно, насила.
Англиски: slip Албански: shkas
Примери:
Се пикнав во преполниот автобус.
6. (се пикне) Влезе незабележано, кришум.
Англиски: slip Албански: futet
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Во волов рог да се пикнеш, пак ќе те најдам.