office - онтологија

биро повеќе

мн. бироа
Вид збор: Именка, среден род
Одделение на претпријатие, установа.
Албански: zyrë, byro
Употреба: Административен термин
Примери:
Проектантско биро.

канцеларија повеќе

мн. канцеларии
Вид збор: Именка, женски род
Јавна или приватна службена просторија, каде што се извршуваат административни и слични работи.
Германски: Kanzlei Албански: zyrë
Примери:
Во канцелариите наеднаш стана мошне живо.
Персоналот што работи во такво биро, администрација.
Албански: personeli administrativ
Примери:
Имаа чести преписки со неговата канцеларија.
Седиште на некоја, обично локална управа, власт, организација и сл.
Албански: seli, zyrë
Употреба: Административен термин
Примери:
Од канцеларијата за врски ја потврдија информацијата.
Орган на таква управа, власт.
Албански: zyrë
Употреба: Административен термин
Примери:
Таму ќе отвориме огранок на месна канцеларија и ќе ни треба човек за таму.

канцелариски повеќе

Види и: канцеларија (ж.)
канцеларискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на канцеларија.
Примери:
Канцелариски материјал.

пријавница повеќе

мн. пријавници
Вид збор: Именка, женски род
Просторија, канцеларија или место каде се врши пријавување.

уред повеќе

мн. уреди
Вид збор: Именка, машки род
канцеларија, биро
Албански: zyrë
Употреба: Архаизам
Примери:
уред за вработување

уредски повеќе

уредска
Вид збор: Придавка
уред
Примери:
Уредски простории.