Архаизам - категорија

убрус повеќе

мн. убруси
Вид збор: Именка, машки род
Крпа за лице.
Англиски: towel Албански: peshqir
Примери:
Се избриша со убрус.
Шамија, марама, бела крпа што ја носат селаните на глава.
Англиски: scarf Албански: shami
Примери:
везен убрус

ударник повеќе

мн. ударници
Вид збор: Именка, машки род
Истакнат работник во социјалистички работен натпревар.
Англиски: hero

ударничка повеќе

Види и: ударник (м.)
мн. ударнички
Вид збор: Именка, женски род
жена ударник
Англиски: hero

ударнички повеќе

Види и: ударник (м.)
ударничкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на ударник, што припаѓа на ударник.
Примери:
ударничка значка

удут повеќе

Вид збор: Именка, машки род
синор
Англиски: border Турски: hudut

уем повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Дел од сомеленото брашно што го зема воденичарот за мелењето.
Турски: yem

узур повеќе

Види и: уѕур (м.)
мн. узури
Вид збор: Именка, машки род
одмор, неработа, бадијалчење
Англиски: rest Турски: huzur
Примери:
Човекот пие од мака или од узур.

уѕур повеќе

Види и: узур (м.)
мн. уѕури
Вид збор: Именка, машки род
слободно време
Англиски: leisure Турски: huzur
Примери:
Чупите одат в црква од уѕур, на прошетка.

ујгун повеќе

Вид збор: Придавка
Погоден, соодветен, што одговара на нешто.
Англиски: fitting Турски: uygun
Примери:
Ујгун работа.

укач повеќе

мн. укачи
Вид збор: Именка, машки род
дервиш
Англиски: dervish Турски: hu
Примери:
Седат дервиши, укачи.

улера повеќе

(едн.) улерата
Вид збор: Именка, женски род
Заразна болест на цревата.
Англиски: cholera
Примери:
Улерата си ја зела косата и си коси војници.

улефе повеќе

Вид збор: Именка, среден род
плата
Англиски: salary Турски: ulufe Албански: rrogë

улогарка повеќе

мн. улогарки
Вид збор: Именка, женски род
саката жена
Англиски: invalid woman

уложје повеќе

Вид збор: Именка, среден род
постелка, плацента
Англиски: placenta Албански: placentë

умери повеќе

умерат
Вид збор: Глагол, свршен
Погоди точно во цел, нанишани.
Англиски: aim
Примери:
Последен куршум исфрлил/ последен душман умерил.

умерува повеќе

Види и: умери (св.)
умеруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Погодува (во цел, во нишан).
Англиски: aim

умерување повеќе

Види и: умерува (несв.)
умерувањето
Вид збор: Именка, среден род
Погаѓање (во цел, во нишан).
Англиски: aiming

умут повеќе

мн. умути
Вид збор: Именка, машки род
надеж
Англиски: hope Турски: umut

унакази повеќе

Види и: наказ (м.)
унаказат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи грд, нагрди, изнагрди.
Англиски: disfigure
Примери:
Произведувал лажни вредности и ги унаказил македонските генерации и вистински вредности.

унер повеќе

мн. унери
Вид збор: Именка, машки род
чудо
Англиски: miracle Турски: hüner Албански: mrrekulli
вештина, мајсторија, умешност
Англиски: craftsmanship Албански: shkathtësi

унерџија повеќе

мн. унерџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што изведува вештини, мајстории.
Англиски: performer Турски: ünlü

управија повеќе

Види и: управа (ж.)
мн. управии
Вид збор: Именка, женски род
ред, закон
Англиски: rule
Примери:
Автономна управија.

ургија повеќе

мн. ургии
Вид збор: Именка, женски род
гнев, злоба, инает
Англиски: anger
Примери:
Влезе ургијата во куќата.

уред повеќе

мн. уреди
Вид збор: Именка, машки род
канцеларија, биро
Англиски: office Албански: zyrë
Примери:
уред за вработување

урнек повеќе

мн. урнеци
Вид збор: Именка, машки род
мостра, примерок, образец
Англиски: sample, template Турски: örnek

урутка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
алат, прибор
Англиски: tools

урџови повеќе

Вид збор: Именка, множина
Големи бисаги од мешина.
Англиски: sack

устабаша повеќе

мн. устабашии
Вид збор: Именка, машки род
Главен мајстор, претседател, глава на еснаф.
Англиски: head of guild Турски: ustabaşı

устав повеќе

уставот
Вид збор: Именка, машки род
Старинско писмо со главни, големи букви, мајускул.
Албански: kushtetutë

устатлија повеќе

Види и: устат (прид.)
устатлијата
Вид збор: Придавка
устат
Англиски: chatty

утија повеќе

мн. утии
Вид збор: Именка, женски род
пегла
Англиски: iron Турски: ütü
Примери:
утија со ќумур

уттиса повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
сутне

уттисува повеќе

Види и: уттиса (св.)
уттисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
сутина

уттисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сутинање

уќумат повеќе

уќуматот
Вид збор: Именка, машки род
држава, државна власт, режим, управа
Англиски: government Турски: hükümet Албански: huqumat, pushtet

уцени повеќе

уценуваат
Вид збор: Глагол, свршен
оцени, процени, просуди
Англиски: esteem Албански: vlerësoj
Примери:
Го уценил оти голема дарба.

учува повеќе

учуваат
Вид збор: Глагол, свршен
зачува
Англиски: save
Примери:
Господ ја учувал, да не ја убие Марко.

учуди повеќе

Види и: зачуди (св.)
учудат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) зачуди

уџере повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Мала тесна преграда во ѕидот (како долап) или во ковчег.

уџум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
јуриш, јагма
Англиски: storm Турски: hücum
Примери:
Секогаш фаќаат уџум кога нешто убаво ни се случува.

ушак повеќе

мн. ушаци
Вид збор: Именка, машки род
гласник, курир, поштар
Англиски: courier Турски: uşak Албански: korier, ndërlidhës
шпион
Англиски: spy Турски: uşak Албански: spiun
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш