зарачаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде порака, порача нешто некому.
Примери:
Тој зарача да му донесат неколку шишиња вино.
наложат
Вид збор: Глагол, свршен
Нареди, даде налог за вршење некоја работа.
Примери:
Им наложија да работат прекувремено за да се заврши работата во предвидениот рок.
Наметне нешто, принуди некого на нешто.
Примери:
Го наложија својот јазик во нашите училишта.
напорачаат
Вид збор: Глагол, свршен
Порача големо количество нешто, или многу нешта.
нарачаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нарачка, побара нешто да му се донесе, да добие.
Примери:
Господинот нарача да му донесат ручек.
наредат
Вид збор: Глагол, свршен
Суреди, намести (соба, куќа).
Примери:
Му ја исчисти и му ја нареди собата.
поднаредат
Вид збор: Глагол, свршен
Нареди по определен ред, нареди малку подобро.
Примери:
Исчистивме и поднаредивме додека дојдоа гостите.
Доведе во добра состојба малку, донекаде.
Примери:
Ја поднаредивме куќата со сѐ во неа.
поредат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави во ред, едно по друго, нареди.
Примери:
Тој ги пореди книгите по големина.
Реди малку, некое време.
Примери:
Ќе поредеше десетина минути и ќе застанеше.
(се пореди) Се нареди, намести едно по друго.
Примери:
Десно од плотот се поредени каци со комиње.
Вид збор: Глагол, свршен
Уреди, доведе во ред малку, донекаде.
распоредат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распореди) Се сложи во определен ред.
Примери:
Се распоредивме и тргнавме.
редат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поставува лица или предмети во определен ред, подредува.
Примери:
Зеде да ги реди книгите.
речат
Вид збор: Глагол, свршен
Соопшти нешто нарачано, заповедано.
Примери:
Професорот рече да се вратите веднаш.
стројат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се строи) Се поставува во ред.
Примери:
Стројте се во две колони.