реди
редат; редел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1547
1.
Поставува лица или предмети во определен ред, подредува.
Примери:
Зеде да ги реди книгите.
Реди дрва.
2.
Става в ред нешто растурено, уредува.
Примери:
Подобро да остане, да си ја реди куќата.
Слично со:
средува (несв.)
3.
Изговара, изредува едно по друго.
Примери:
Фати да ги реди маките свои.
Дури ја редела молитвата.
Слично со:
изговара (несв.)
4.
токми, гласи
Англиски:
adorn
Албански:
saktësisht
Ја редат како невеста.
Слично со:
токми (несв.)
5.
Прави нешто да се развива по определен начин.
Примери:
И тој фати да го реди животецот.
Луѓето си ги редат работите.
Слично со:
уредува (несв.)
6.
Плаче над умрен.
Примери:
Кога ќе почне таа да го реди, не можеш да не заплачеш.
Слично со:
плаче (несв.)
7.
поучува, наредува, заповеда
Примери:
Сакаше само тој да реди во куќата.
Слично со:
заповеда (св.)
9.
(се реди) Се изредува, следува еден по друг.
Примери:
Се редат куќи, ту мали ту големи.