order - онтологија

зарача повеќе

зарачаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде порака, порача нешто некому.
Албански: porosis
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Тој зарача да му донесат неколку шишиња вино.

наложи повеќе

наложат
Вид збор: Глагол, свршен
Нареди, даде налог за вршење некоја работа.
Албански: urdhëroj
Примери:
Им наложија да работат прекувремено за да се заврши работата во предвидениот рок.
Наметне нешто, принуди некого на нешто.
Албански: urdhëroj
Примери:
Го наложија својот јазик во нашите училишта.

напорача повеќе

напорачаат
Вид збор: Глагол, свршен
Порача големо количество нешто, или многу нешта.

нарача повеќе

нарачаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нарачка, побара нешто да му се донесе, да добие.
Албански: porosis
Примери:
Господинот нарача да му донесат ручек.

нареди повеќе

наредат
Вид збор: Глагол, свршен
Суреди, намести (соба, куќа).
Албански: rregulloj
Примери:
Му ја исчисти и му ја нареди собата.

поднареди повеќе

поднаредат
Вид збор: Глагол, свршен
Нареди по определен ред, нареди малку подобро.
Албански: rregulloj
Примери:
Исчистивме и поднаредивме додека дојдоа гостите.
Доведе во добра состојба малку, донекаде.
Албански: rregulloj
Примери:
Ја поднаредивме куќата со сѐ во неа.

порача повеќе

порачаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи порачка.
Албански: porosis
Примери:
Домаќинот порача кафе.

пореди повеќе

поредат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави во ред, едно по друго, нареди.
Албански: rregulloj
Примери:
Тој ги пореди книгите по големина.
Реди малку, некое време.
Албански: rregulloj pak
Примери:
Ќе поредеше десетина минути и ќе застанеше.
(се пореди) Се нареди, намести едно по друго.
Албански: rregullohet
Примери:
Десно од плотот се поредени каци со комиње.

поуреди повеќе

Види и: уреди (св.)
поуредат
Вид збор: Глагол, свршен
Уреди, доведе во ред малку, донекаде.

распореди повеќе

распоредат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распореди) Се сложи во определен ред.
Албански: radhitet
Примери:
Се распоредивме и тргнавме.

реди повеќе

редат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поставува лица или предмети во определен ред, подредува.
Албански: porosis
Примери:
Зеде да ги реди книгите.

рече повеќе

речат
Вид збор: Глагол, свршен
Соопшти нешто нарачано, заповедано.
Албански: urdhër
Примери:
Професорот рече да се вратите веднаш.

строи повеќе

стројат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се строи) Се поставува во ред.
Албански: rend
Примери:
Стројте се во две колони.

уреди повеќе

уредат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе во ред.
Албански: rregullon
Примери:
Ја уреди државата.