original - онтологија

изворен повеќе

изворни
Вид збор: Придавка
Што е оригинален, од самото место, автохтон.
Примери:
Изворен материјал.

оригинален повеќе

оригинални
Вид збор: Придавка
првосоздаден, изворен, вистински
Примери:
Тој преведува и пишува оригинални текстови.
Самостоен, свој што не е имитација.
Примери:
Професорката не предупреди дека ќе се земат предвид само оригинални пристапи кон темата.
необичен, интересен, чуден, своеобразен
Примери:
Тој има посебни сфаќања и ти се допаѓа бидејќи е оригинален.

првобитен повеќе

првобитниот
Вид збор: Придавка
Што претходи на сѐ друго, што е прв, почетен, основен.
Примери:
првобитен план

првоначален повеќе

првоначалниот
Вид збор: Придавка
првобитен
Употреба: Книжевен збор

самобитен повеќе

самобитна
Вид збор: Придавка
Кој се одликува со природна своеобразност, оригинален.
Примери:
Самобитна култура.