outflow - онтологија

водоодвод повеќе

мн. водоодводи
Вид збор: Именка, машки род
Цевка или канал за истекување на водата.
Примери:
Водоодводот на чешмата е расипан.

излив повеќе

мн. изливи
Вид збор: Именка, машки род
Ненадејно излевање на течност од местото каде што била претходно.
Албански: derdhje
Примери:
Ненадејниот излив на реките од речните корита доведе до поплави на полињата под житни култури.

испуст повеќе

мн. испусти
Вид збор: Именка, машки род
Отвор, дупка низ која истекува вода.
Албански: vrimë, rrjedhë
Примери:
Испустите на базенот се затнати и не може да се промени водата.

истек повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
истече, истекување
Албански: rrjedh
Примери:
Истекот е слаб, можно е прелевање на водата.

одвод повеќе

мн. одводи
Вид збор: Именка, машки род
Одведување на вода, струја.
Албански: përçues
Примери:
Тие поставија нови цевки за одвод на вода.

пропуст повеќе

мн. пропусти
Вид збор: Именка, машки род
Пропуштање, место каде што истекува вода.
Албански: kalim, lëshim

чучур повеќе

(едн.) чучурот
Вид збор: Именка, машки род
Жлеб на чешма или извор од кој тече вода.