излив
мн. изливи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 7397
1.
Ненадејно излевање на течност од местото каде што била претходно.
Примери:
Ненадејниот излив на реките од речните корита доведе до поплави на полињата под житни култури.
2.
Нагло изливање на секрет или друга течност на жив организам, крв, жолчка и сл.
Примери:
Излив на крв во мозокот.
3.
Наплив на чувства.
Примери:
Излив на патриотски чувства.
Излив на болка се чувствува во целата песна.