overturn - онтологија

истркала повеќе

Види и: тркала (несв.)
истркалаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истркала) Легне со тркалање, со превртување.
Албански: rrokulliset
Примери:
Децата се истркалаа на креветот.

обрат повеќе

мн. обрати
Вид збор: Именка, машки род
Неочекувана, брзо промена, пресврт во развојот на нешто.
Примери:
Во текот на работата настана неочекуван обрат.

преврне повеќе

преврнат
Вид збор: Глагол, свршен
пресврти
Албански: kthej, rikthej
Употреба: Дијалектен збор

преврти повеќе

превртат
Вид збор: Глагол, свршен
Претури сè барајќи некого или нешто, пребара насекаде.
Албански: përmbys
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја преврти целата куќа, но не ги најде парите.
Измени, промени нешто.
Албански: ndëron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа го преврти неговиот живот.

препрчали повеќе

препрчалат
Вид збор: Глагол, свршен
преврти
Употреба: Разговорно
Примери:
Го препрчали столот.
(се препрчали) се преврти
Употреба: Разговорно
Примери:
Се препрчали преку глава.

претумба повеќе

претумбаат
Вид збор: Глагол, свршен
преврти
Употреба: Разговорно
Примери:
Децата го претумбаа кошот.
(се претумба) се преврти
Употреба: Разговорно
Примери:
Автомобилот се претумба во кривината.