panic - онтологија

испаничи повеќе

(се) испаничат
Вид збор: Глагол, свршен
Се најде во паника, го фати паника.
Примери:
Мајката се испаничи и отрча да го бара синот.

обезглави повеќе

обезглават
Вид збор: Глагол, свршен
(се обезглави) се избезуми, се збуни
Албански: hutohem, më kap panik
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа се обезглави од неговите постапки.

паничи повеќе

паничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Покажува дека е обземен со паника, дека доживува паничен страв.
Албански: bëj panikë
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој секогаш почнува да паничи пред испит.
Прави, создава паника.
Албански: bëj, krijoj panikë
Употреба: Разговорно
Примери:
Не паничи.

успаничи повеќе

(се) успаничат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) испаничи