patch - онтологија

доискрпи повеќе

доискрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Искрпи сѐ што било за крпење.
Примери:
Го доискрпи фустанот.

закрпи повеќе

Види и: крпи (несв.)
закрпат
Вид збор: Глагол, свршен
За распарано и скинато - со крпење, со шиење поправи оштетена облека.
Албански: arnoj
Примери:
Кошулата му беше закрпена близу јаката.
Се грижи за некого, му ја крпи облеката некому.
Албански: arnoj
Примери:
Откога остана вдовец, немаше кој ни да го испере, ни да го закрпи.
(се закрпи) Искрпи нешто на себеси, своја облека.
Албански: arnoj
Примери:
Едвај се закрпив, толку што бев искината од тоа пусто куче.

искрпи повеќе

искрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Поправи оштетена (скината, испарана) облека и сл. со крпење, закрпи се што било за крпење.
Албански: arnoj
Примери:
Жената ја искрпи кошулата со нови парчиња.

испокрпи повеќе

Види и: искрпи (св.)
испокрпат
Вид збор: Глагол, свршен
изнакрпи
Примери:
Ги испокрпи сите искинати чорапи.

крпари повеќе

крпарат
Вид збор: Глагол, несвршен
крпи

крпи повеќе

крпат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поправи нешто оштетено, го доведе во првобитна состојба.
Албански: arnoj
Примери:
Тој крпеше бродови и чамци за да преживее.

мрежи повеќе

мрежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со плетење или шиење преплетува, вкрстува нишки, конци за да затвори дупка во облека, чорап.
Албански: arrnoj
Примери:
Мрежи чорапи.

подзакрпи повеќе

Види и: закрпи (св.)
подзакрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрпи малку, во некоја мера нешто скинато, дупнато, донекаде, како било.
Албански: arnoj pak
Примери:
Ги подзакрпија улиците.
(се подзакрпи) Си закрпи себеси облека, дел од облека, малку, донекаде.
Албански: arnohem
Примери:
Се подзакрпив некако деновиве, да не одам со скинати чорапи.

позакрпи повеќе

Види и: закрпи (св.)
позакрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрпи малку, или малку повеќе.
Примери:
Земи и некоја друга лира, позакрпи се со бабата и тие што останале назад.

поискрпи повеќе

Види и: искрпи (св.)
поискрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Искрпи целосно на сите места или се што е за крпење.
Примери:
Таа ја поискрпи облеката на децата.

поткрпи повеќе

Види и: крпи (несв.)
поткрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрпи, сошие одоздола нешто скинато или распарано.
Албански: qep, arnoj
Примери:
Таа му ги поткрпи скинатите чорапи.

призакрпи повеќе

Види и: закрпи (св.)
призакрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрпи нешто набрзина, како било.
Албански: qep, arrnoj shpejt
Примери:
Му ја призакрпи ногавицата на панталоните.
(се призакрпи) Искрпи нешто на себеси, на своја облека, набрзина, како било.
Албански: arrnohem
Примери:
Одвај се призакрпив, не можев игла да вденам.

прикрпи повеќе

прикрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Со крпење поправи нешто искинато, распарано.
Албански: arnoj
Примери:
Собуј го чевелот да ти го прикрпам.

прозакрпи повеќе

Види и: закрпи (св.)
прозакрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрпи малку, набрзина, како било.
Албански: arnoj pak
Примери:
Таа ги прозакрпи панталоните колку да се носат низ дома.
(се прозакрпи) Се закрпи, закрпи своја облека малку, како било.
Албански: arnoj pak
Примери:
Немаше кој, па самиот како што знаеше, се прозакрпи.