крпи
крпат; крпел; крпен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8068
1.
Поправи нешто оштетено, пополни, затне дупки на оштетена површина, доведе во добра состојба.
Примери:
Жената ги крпеше чорапите.
Тој го крпеше скинатиот опинок со некоја голема игла.
2.
Поправи нешто оштетено, го доведе во првобитна состојба.
Примери:
Тој крпеше бродови и чамци за да преживее.
Ја крпеше колибата со 'ржаница.
Секоја пролет ги крпат улиците.
3.
Тешко живее, живурка.
Примери:
Тој едвај крпеше.
4.
(се крпи) Крпи свое, за себе.
Примери:
Тој сам се крпеше и се переше.
Изведенки
крпење ср.
глаг. им.
глаг. им.