patience - онтологија

гајрет повеќе

мн. гајрети
Вид збор: Именка, машки род
сила, енергија, храброст, трпение
Албански: fuqi, durim, guxim
Употреба: Разговорно
Примери:
Гајрет, гајрет, ако има ден, и илач ќе се најде!

сабар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
трпение, стрпливост
Турски: sabır
Употреба: Архаизам
Примери:
(разг.) Сабар - селамет (трпение - спасение).

стрпливост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
стрплив

трпеж повеќе

Вид збор: Именка, машки род
трпение
Примери:
Крпеж и трпеж.

трпеливост повеќе

Види и: трпелив (прид.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
стрпливост, истрајност, толерантност
Примери:
Тогаш човекот во сина облека продолжи да го чита весникот со несмалена трпеливост.

трпение повеќе

(едн.) трпението
Вид збор: Именка, среден род
Особина на трпење.
Албански: durim
Употреба: Разговорно
Примери:
(разг.) Трпение спасение.