Разговорно - категорија

гага повеќе

Вид збор: Прилог
бесплатно
Англиски: free of charge
Примери:
Сношти добивме јадење гага.

гагаџија повеќе

мн. гагаџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што сака бесплатно да добива разни услуги, обично јадење и пиење.
Англиски: scavenger Турски: gaga
Примери:
Се собраа сите гагаџии.

газ повеќе

мн. газови
Вид збор: Именка, машки род
Заден дел од човековото тело меѓу половината и нозете.
Англиски: bottom Албански: prapanicë, vithe, bithë
Примери:
Никој не се заврте назад, се чу како плесна шлаканица по голиот газ и детето уште повеќе вресна.

газглава повеќе

Вид збор: Прилог
главечки (при превртување)
Англиски: headlong
Примери:
Децата се превртуваа газглава.

газечки повеќе

Вид збор: Прилог
наназад
Англиски: backwards
Примери:
Падна газечки.

гази повеќе

газат преод
Вид збор: Глагол, несвршен
угнетува, поробува, потчинува, понижува
Англиски: suppress Албански: shtyp, shkel
Примери:
Без жал ги газеа луѓето.

гајле повеќе

мн. гајлиња
Вид збор: Именка, среден род
грижа
Англиски: worry Турски: gaile
Примери:
Си има човекот гајле.

гајрет повеќе

мн. гајрети
Вид збор: Именка, машки род
помош, поддршка, услужност
Англиски: support Турски: gayret Албански: mbështetje, përkrahje
Примери:
Гајрет не му треба, само од мена и разговор.
сила, енергија, храброст, трпение
Англиски: patience Албански: fuqi, durim, guxim
Примери:
Гајрет, гајрет, ако има ден, и илач ќе се најде!

галиба повеќе

Вид збор: Модален збор
веројатно, најверојатно
Англиски: probably Турски: galiba
Примери:
И ти галиба си од нашите места?

ганц повеќе

Вид збор: Прилог
сосем, ептен, целосно
Англиски: completely Германски: ganz

гезме повеќе

мн. гезмиња
Вид збор: Именка, среден род
веселба, шетање
Англиски: party Турски: gezme
Примери:
Ајде да направиме едно гезме.

генератор повеќе

мн. генератори
Вид збор: Именка, машки род
Произведувач, творец.
Англиски: creator Албански: gjenerator, kreator
Примери:
Тој беше генератор на новите правци во уметноста.

генијалец повеќе

Види и: гениј (м.)
мн. генијалци
Вид збор: Именка, машки род
гениј
Англиски: genius
Примери:
Ете така нашите генијалци човековата еволуција и целиот жив свет од милијарди години ја сместија во шоу.

гитла повеќе

Вид збор: Извик
бегај, заминувај
Англиски: beat it!
Примери:
Ајде гитла!

гланц повеќе

Вид збор: Придавка
сјаен, неупотребуван
Англиски: shiny Германски: ganz
Примери:
гланц нов

глупира повеќе

глупираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стане, станува глупав.
Примери:
Не глупирај се!

гнасло повеќе

мн. гнасловци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се гнаси од јадење и сл.
Албански: njeri që gërditet nga haja
Примери:
Што и да му дадеш, каков гнасло е, пак нема да јаде.
гнасник
Англиски: dirty fellow Албански: i papastër
Примери:
Оди измиј се, види каков гнасло си!

гнете повеќе

гнетат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лакомо, ненаситно јаде, лапа.
Англиски: stuff Албански: rras
Примери:
Залаците ги гнетеше едно по друго во устата.

гнетеж повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Лакомо, незаситно јадење, лапање.
Англиски: stuffing Албански: ngrënje pa kufi

гњави повеќе

гњават
Вид збор: Глагол, несвршен
вознемирува, измачува, здодева
Англиски: pester
Примери:
Не го гњави детето!

големец повеќе

мн. големци
Вид збор: Именка, машки род
Човек на висока општествена положба.
Англиски: notable
Примери:
Човекот е со два универзитета, сигурно е еден од првите големци.

големџија повеќе

Види и: големец (м.)
мн. големџии
Вид збор: Именка, машки род
големец
Англиски: notable

голтар повеќе

мн. голтари
Вид збор: Именка, машки род
сиромашен, беден човек
Англиски: prole
Примери:
Знам нема да се здружиш со голтари и легачи на кои им тежи мотиката.

гомно повеќе

мн. гомна
Вид збор: Именка, среден род
Измет, најчесто човечки.
Англиски: shit Албански: mut
Примери:
Се зарекла свиња да не јаде гомна.
никаквец, невреден човек
Англиски: shithead Албански: mut njeri, idiot
Примери:
Нечисто, смрдливо гомно. Зар не можеше само да избега, а да не го земе експлозивот и детонаторите?

готов повеќе

готови
Вид збор: Придавка
Што е на пропаѓање, на умирање, на крај на животот.
Англиски: finished Албански: gati
Примери:
Старецот веќе беше готов.

грамажа повеќе

(едн.) грамажата
Вид збор: Именка, женски род
тежина во грамови
Англиски: grammage
Примери:
Производите ја задржуваа истата продажна цена, но ја намалуваа грамажата на производите.

грбло повеќе

мн. грбловци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е грбав.
Англиски: hunchbacked, humpbacked
Примери:
Кога, пак, би го слушнале неговиот глас позајмен на грблото Квазимодо во анимираниот „Ѕвонарот од Нотр дам“, никој неговото име на шпицата не би го поврзал со неодоливо шармантниот и бескрајно талентиран Амадеус од филмот на Форман.

гребатор повеќе

мн. гребатори
Вид збор: Именка, машки род
Човек што живее на сметка на други.
Англиски: sponge
Примери:
Во утрешниот број на списанието читајте ја темата за слободата на медиумите, довербата, моралот и гребаторите.

гребе повеќе

гребат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се гребе) Искористува некого; живее на нечиј грб.
Англиски: sponge Албански: gërvishet

грепка повеќе

мн. грепки
Вид збор: Именка, женски род
Картичка за игра на среќа на која со гребење се дознава дали има добивка.
Примери:
Немам навика да купувам грепки, а и неколку пати кога сум купил, ништо не сум добил.

гркне повеќе

гркнат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто гласно.
Примери:
Не смее да гркне.

грогиран повеќе

грогирани
Вид збор: Придавка
онеспособен, зашеметен
Англиски: groggy
Примери:
грогиран противник

гунгула повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Голем број на луѓе на едно место.
Англиски: crowd
Примери:
На пазарот беше гунгула.

гуру повеќе

мн. гуруа
Вид збор: Именка, машки род
Влијателна и харизматична личност.
Англиски: guru
Примери:
Тој е гуру за стилизирање на косата.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш