peel - онтологија

бели повеќе

белат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лупи, симнува кора.
Албански: rrjep, qëroj
Примери:
Прачките за плетење кошници дедо ми ги белеше со мало ноже.

долупи повеќе

Види и: лупи (несв.)
долупат
Вид збор: Глагол, свршен
Лупи, излупи до крај.
Примери:
Ги долупив компирите.

залупи повеќе

залупат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лупа нешто.
Албански: qëroj
Примери:
Tаа залупи од сварениот компир.
(се залупи) Почне да се лупи.
Албански: qarohet
Примери:
Кожата ми се залупи од долгото сончање.

избели повеќе

избелат
Вид збор: Глагол, свршен
Соголи прачка, ја ослободи од кората.
Албански: rrjep, qëroj
Примери:
Таа ја избели прачката од дуња со која си играше.

излупи повеќе

излупат
Вид збор: Глагол, свршен
Со лупење, симне, отстрани лушпа, кора на нешто.
Албански: qëron
Примери:
Излупете ги компирите и исечете ги на тенки парчиња.
(се излупи) Падне, се распадне кора или танок слој од нешто.
Албански: bie lëkura, qërohet
Примери:
Бојата од ѕидот се излупи.

излушти повеќе

излуштат
Вид збор: Глагол, свршен
излупи
Употреба: Дијалектен збор

искафти повеќе

искафтат
Вид збор: Глагол, свршен
Со кафтење излупи клас од пченка.
Албански: qëroj
Примери:
Костените се искафтиле.

кавти повеќе

кавтат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лупи пченка или растение.
Албански: qëroj

кожа повеќе

мн. кожи
Вид збор: Именка, женски род
Надворешна обвивка на некои плодови.
Албански: lëvore, lëkurë
Употреба: Ботаника

кора повеќе

мн. кори
Вид збор: Именка, женски род
Надворешна обвивка на плод.
Албански: lëvore, lëvozhgë
Употреба: Ботаника
Примери:
Кората од лимон се ренда во слатки.

корупка повеќе

мн. корупки
Вид збор: Именка, женски род
Кора на плод.
Албански: lëvozhgë, burrollë
Примери:
Корупка од лубеница.

лупешка повеќе

мн. лупешки
Вид збор: Именка, женски род
Надворешна обвивка, кора на плод, семе, јајце и др.
Албански: lëvozhgë
Примери:
Лупешки од лубеници.

лупи повеќе

лупат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одвои, симне кора од плод, од овошје, зеленчук итн.
Албански: qëroj,
Примери:
Лупи јаболко.
(се лупи) Се симнува, паѓа (за горен слој од нешто).
Албански: qërohet
Примери:
Му се лупи кожата.

налупи повеќе

налупат
Вид збор: Глагол, свршен
Излупи во големо количество.
Албански: qëroj shumë
(се налупи) Помине долго време во лупење, се наработи со лупење.
Албански: qëroj mjaft

обели повеќе

обелат
Вид збор: Глагол, свршен
Излупи, симне кора од нешто.
Албански: rrjep
Примери:
Дедо ми ги обели сите прачки за плетење кошници.

оголи повеќе

оголат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде гол (без лисја, без кора, без влакна)
Албански: rrjep
Примери:
Тој скина гранче и го оголи со ножето.

олупи повеќе

олупат
Вид збор: Глагол, свршен
Симне кора, лушпа од нешто.
Албански: qëroj
Примери:
Ја олупи кората од дрвото.
(се олупи) Се симне кора, лушпа.
Албански: qëroj
Примери:
Кожинкава бела ми беше, сега црна ми е, трипати ми се олупи.

полупи повеќе

полупат
Вид збор: Глагол, свршен
Лупи малку, кратко време.

слупи повеќе

слупат
Вид збор: Глагол, свршен
Симне, одере кожа, лушпа и сл.
Албански: qëroj
Примери:
Ги слупи костењето.
(се слупи) За кожа, кора, лушпа - се симне, падне.
Албански: qëroj
Примери:
За чудо големо веднаш се слупила крастата и паднала.

солупува повеќе

Види и: солупи (св.)
(се) солупуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) слупува