а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обели

обелат; обели, обелете; обелев, обеле, обелеа; обелел; (го) обелив, (го) обелија; (го) обелил; обелен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17122
1. Направи да биде бело, побело отколку што било претходно.
Англиски: whiten Албански: zbardh
Примери:
Невестата го обели платното на езерото.
Овој детергент ги обели пожолтените чаршафи.
2. Стане бел.
Англиски: become white Албански: bëhet e bardhë
Примери:
Планините обелеле од снег.
3. Вароса, премачка со нешто бело.
Англиски: whitewash Албански: zbardh
Примери:
Тие ја обелија целата куќа.
4. Излупи, симне кора од нешто.
Англиски: peel Албански: rrjep
Примери:
Дедо ми ги обели сите прачки за плетење кошници.
5. За коса - стане бела, побели.
Англиски: turn grey Албански: thinjur
Примери:
Нему му обеле косата многу рано.
Мајка му правела сѐ за бебето да ѝ оздрави, да го порасне, да формира семејство, да остари, да обеле.
6. За боја - стане бледа, изгуби сјај, интензитет (од сонце, од долго носење).
Англиски: bleach Албански: humb ngjyrën
Примери:
Од долгото сушење на сонце, блузата обеле.
Изрази
Ни заб не обели - ни збор не проговори.
Обели образ - направи добро.
Изведенки
1. обелува несв.
обелуваат
2. обелување ср.
глаг. им.